четврток, 26 јуни 2008

Македонска салата - Made in France

Николас Саркози сосема саркастично ни порача: Ако Грција не ви го признава вашето уставно име за меѓународна употреба во ОН, во НАТО и ЕУ, Франција во Советот за безбедност при ОН ќе стави вето, па макар само Грција и Франција да не ве признавале како Република Македонија. Или, со други зборови кажано, Македонци од „FYROM“ имате ли алтернатива за вашиот опстанок како народ и држава, ако не најдете чааре да го спречите грчкото вето за вашето зачленуање во НАТО и ЕУ?

Саркастично понижувачкиот одгвор сепак е добронамерна порака која не упатува на објективното барaње на аргументиран одговор на прашањето: КОЈА Е АЛТЕРНАТИВАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, АКО СЕГА НЕ СЕ НАЈДЕ ЧААРЕ ГРЦИЈА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД НАМЕРАТА ДА СТАВИ ВЕТО НА ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО И ЕУ?

Нема коментари:

Објави коментар