вторник, 17 јуни 2008

Струмица – ќе личела на приморски град!

Сегашниот градоначалник на Струмица навистина му го смени личниот опсис на градот. Ја доврши изградбата на фонтаната започната од претходниот градоначалник, се ангажира во реализацијата на старата идеја на местото на градското пазариште да се изгради современ трговски ценатар и се зафати според соспствениот вкус да го разубави булеварот „Маршал Тито“ (суште така се вика). Но, при последното направил утка.

Уште во СФРЈ во стручната литература имаше стручна препорака според која уличните жардињери треба да бидат поставени најмалку 15-16 метра пред пешачките премин, да не бидат повисоки од 40 сантиметри, а засадените во нив растенија во никој случај не треба да го попречуваат видното поле на возачите.

Неводејки сметка за безбедноста во сообраќајот на булеварот „Маршал Тито“ градоначалникот Заев непотребно потрошил многу бетон кој можел да го потроши за изградба на вториот заштитен ѕид на одводниот канал од некогашниот порој.

Истотака неумешно се потрошени и парите за набавените палми. Тврдењето дека може да се аклиматизираат палми во Струмица секако не е експертско. Освен ако тие експерти сеуште не ја запознале стручната јавност дека создале нови палми кои издржуваат на минус 27,2 или 29,5 Целзиусови степени, колку што изнесуваат најниските измерени температури измерени во Струмица и струмичко во 1966 г. и во зимата на 2001 г.

Таква глетка нема да имаме во Струмица.

Незнам какви експерти ангажирал дотичниот градоначалник, но за ова прашање можел да се консултира сурфајки по интернет. И советниците од опозицијата пред да се согласат со ова набавка можеле истото да го направат на своите општински лаптопи.

Вакви последици по палмите од ниските температури

веќе сме гледале во Струмица.

Според податоци во литература најниската температура која може да ја поденсе еден вид палма без било какви оштетувања изнесува минус 15 Целзиусови степени. Во Струмица, во домашни услови одамна се одгледуваат палми. Некои палми долги годинии вегетират во неколку двора на семејни куќи. Но, зашитата на палмите од зимските ниски температури никогаш не била упешна. Во зависност од експозицијата и заштитата од ниски зимски температури некои палми во Струмица успеале со значајни оштетувања да преживеат дури и на минус 25 Целзиуси. Веројатно последниот факт ги охрабрил експертите на Заев да се застапат за реализација на неговата идеја, но местото (експозицијата) на кое се засадени палмите на Заев е изложено на ладниот вељушки ветер, кој никако нема да им годи на новозасадените палмите.

Палмите во Струмица и заштитна куќичка за палма во Охрид.

Засадените палми на „Маршал Тито“ во Струмица дури и да бидата заштитени во специјални куќички (како оние во Охрид) нема да имаат долг век доколку г-нот Заев во текот на студените зимски денови не обезбеди греење на кореновата система на овие палми. Колку што ми е познато на местата каде што се засадени палмите на Заев нема инсталација за затоплување, но и да има таква инсталација, високите бетонски „корита“ пак се непотребни затоа што тие во споредба со загревањето на кореновта система на растенија засадени директно во почвата бараат многу повеќе енергија (и пари) за затоплување.

Олеандрите засадени на дојранските улици без заштита

од ниските зимски температури го красеа градот само една ипол деценија.

Иако некои видови палми живеат и до 200 години, палмите на градоначалникот Заев ќе имаат многу краток век, отприлика како олендрите што беа насадени по улиците во Дојран кои го красеа се додека не измрзнаа од ниските зимски температури. Ако ова зима не биде екстремно ладна, догодина г-нот Заев ќе може да се пофали дека неговите пралми траеле повеќе отколку палмите на поранешниот скопски градоналаник Ристо Пенов.

Палмите на Ристо Пенов.

За да личи Струимица на „вистински приморски град“ секако треба нешто друго, а не палми непогодни за годините со екстремоно ладни струмички зими.

Планинарска куќичка во „медитеранска атмосфера“.

Московски парк во „медитеранска атмосфера“.

Нема коментари:

Објави коментар