сабота, 14 јуни 2008

Жив е тој, жив е....

„Тито, сигурни дијаграми на копнежот“ (Битола, април 2007 г.)

Претставата потсетува на The Wall од Pink Floyd. Ако ова прества ја видоме во почетокот на деведесетите од минатиот век ќе беше културен настан со кој ќе се гордеевме како народ или општество кое подговено го пречека распадот на „социјализмот како светски процес“.

Авторот „не сакајќи да организира некоја јавна судница на историјата“ (т.е. држајќи се до „најпознатите“ собитија од фалсификуваната биографија на Тито) го разголил култот кон некогашниот ни „најмил другар“. Ваквиот приод кон историскте сведоштва е сосема достаточен за една добра театарска драма.

Согласно историските „извори“ (сведоштва) владеењето на „антисталинистот Тито“ во драмата е разголено како плагијат на технологијата на владеењето на „единствениот прав контрапродукт на Титовиот живот“ (диктаторот Сталин). Ова мегаломанско плагијатство може да се потврди и со фактот што „богот Сталин“ во огромната територија на СССР наименувал само 9 града со неговото име, а „нашиот главен јунак“ во „малата Југославија“ прекртсил 8 осум града со неговото име.

Југокомунистичкиот Алфа мажјак во ништо не е подобар од неговиот признат „Учител“ и некогашен негов „советски другар Сталин“. Се тврди дека Хрушчов (еден од советските главатари) изјавил дека човек може да се засити од пари, од убави жени, па дури и од вотка, ама од власт никако. И за Ј.Б.Тито се тврди дека рекол: „Најстрашната смрт е политичката смрт“, - тоа во драмата е дадено преку изјвата на Ј.Броз дека се борел за власта, а не за слободата. Волјата за власт (Ниче) и сексуалниот нагон (Фројд) ја прават смислата на животот на „нашиот главен јунак“.

Со оглед на фактот што авторот на драмаат „ликот и делото на Ј.Б.Тито“ го набљудувал во контекст на историските собитија од времето на римските цезари па се до „ликот и делото на другарот Сталин“ (со акцент на „Великата француска револуција“), во сценариото недостасува „конекцијата“ меѓу првиот создател на првата тоталитарна држава на светот („другарот Ленин“) и неговите имитатори: фашистичкиот дуче, нацистичкиот фирер и другите на нив слични диктатори, кои едни од други учат како опсесивно да лажат за да ја изградат својата технологија во манипулирањето со „широките народни маси“.

Синтагмата на Мусолини дека „Без пролевање крв не се создава нов живот“ е една од значајните методи на контролите на поведението на поданиците. Но, позначајно е да се направи ралика меѓу комунистичкиот терор од една страна и фашистичкиот и нацистичкиот терор од друга страна. Ако не ги сметаме жртвите на фашизмот и нацизмот во Втората светска војна, во „страшниот фашистички терор“ на Мусолини врз Италијанци опоненти на фашистичкиот режим има изречено 7 (седум) смртни пресуди и 1376 казни затвор. Во Хитлерова Германија бројот на репресираните Германци како опоненти на нацизмот изнесува скоро 10.000 Германци. Жртвите на бољшевистичкиот терор се бројот во милјони. Споредувајки го бројот на населението на СССР и Југославија, може да заклучиме дека Ј.Б.Тито применува ленинистичко-сталинистички медот на терор. Во драмата ова е дадено преку Титовата панична наредба да се ликвидираат непостоечките троцкисти во Југославија).

Тоталитарниот терор како метода на владеење само е комплементарна во креирањето на „изворот на верување“ во тоталитарните светоглади, т.е. на псевдорелигијта според која за поданиците во Тоталитарија „животот нема смисла без најмилиот другар“, т.е. без „Пластичниот Исус Христос“, кој во тоталиратниот кафез ја игра ролјата на семожен авторитет. Во тој поглед Ј.Б.Тито во ништо не е оригинален автор, тој и Сталин од фашистичкиот дуче ја учат моќта на фотографијата, а од нацистичкиот фирер ја учат моќта на кореографијата (моќта на позерството). Затоа пародијата со „прославата на Титовиот роден ден“ („Денот на младоста“) во ова драма би била одлична пародија и со Хитлеровите „спектакли“ пред Брандербургшката порта, или пак со Сталиновите „слетови“ кои во СССР се воведени по примерот на Хитлерова Германија.

Исмевањето на Хитлер со запленетиот Титов шинел во драмата алудира на сличностите меѓ тие двајца диктатори, но не го истакнува фактот што Ј.Б.Тито е „чирак“ на Хитлер во однос на креирањето на „изворот на верување“ во тоталитарниот кафез.

Титоиситичката антисталинистичка пропаганда содржана во синтагмата „Титовиот специфичен пат“ ја пропагираше наводната Титова оригиналност во воведувањето на „работничкото самоуправување“ како суштинска спротивност на Сталиновиот „државен социјализам“. Но, „историските извори“ (како што милуват да кажат авторите на споменатата драма) говорат дека првиот кој вовел „работничко самоуправување“ е Бенито Мусолини, кој пред Првата светска војна бил деклариран социјалист и интернационалист. Фашистичкиот дуче насетувајки дека се ближи крајот на неговата политичка карира, неколку месеци пред да биде обесен од италијанските партизани, наредил национализација на италијанските претпријатија кои вработувале до 100 души со цел истите да ги даде на управување на таму вработените работници. Неколку години покасно „Британците“ го советуваат Ј.Броз Тито да го воведе „работничкото самоуправување“ (чиј оригинален автор е Мусолини) и така во 1951 г. фабриката „Змај“ станува првта Титова фабрика во која е воведено т.н. работничко самоуправување.

Според официјалната биографија на Ј.Б.Тито во Првата светска војна прво бил австриски војник кој пукал во руските царски војници, а потоа како заробеник на бољшевиците. Веројатно сосема е точно тврдењето дека заробеник учествувал во болшевистичкото превземање на Петроград. Ако тоа е веродостојно како што е докажано тврдењата на некои автори („советските диседенти“) дека германскиот генерал Ерих фон Лудендорф го организира „бољшевистичкото“ превземање на Петроград (тоа е оној генерал кој на Ленин му овозможил со блиндиран воз да се врати во Русија за да ја крене „Великата октомвриска револуција“), тогаш излегува дека австрискиот војник Ј.Броз не бил заробеник, туку послушен извршител на наредбите на австриското разузнавање. Во ова акција на австриското воено разузнавање и болшевиците по петроградските улици ќе останат мртвите тела на околу 5000 (пет илјади) руски цивили. Такво грозоморна убивање на цивили при крајот на Втората светска Титовите војски ќе направат во италијанскиот град Трст, но овој пат не за потребите на советската власт, туку за да се оцрни ликот на италијанските комунисти кои на тогаш наскоро престојните избори во Италија имале реални шанси да формираат влада. (Не случајно советските и југословенските партизани при крајот на војната ја пееле песната „Америка и Енглеска биће земља пролетерска“, а Черчил после титоистичкиот масакар во Трст се посомневал дека Ј.Броз нема да си стои на договореното со него).

Општо познато е дека „нашиот главен јунак“ својата слава ја започнува со т.н. „Бомбашки процес“.Да си припомниме, тоа е оној момент кога Ј.Броз изјавува дека го признава само судот на својата комунистичка партија (коинциденција или не, таква изјава неколку години пред Ј.Броз, во 1923 г., дал еден италијански комунист осуден во еден фашистички судски процес). Според официјалната боиграфија на Ј.Броз епилогот во т.н. „Бомбашки процес“ е во тоа што Ј.Броз заедно со Моша Пијаде се „прославуват“ како преведувачи на Карл Маркс во затворот „Лепглава“ во Кралска Југославија.

Пред околу 17 години имав можност да се запознаам со еден поранешен затвореник во „Лепоглава“ кој што истовремено со Ј.Броз издржувал казната заради активност во ВМРО. Тој не сакаше да зборува ништо за Тито, сепак по некое време се согласи да одговори на прашањето дали е вистина дека Ј.Броз во затворот „Лепоглва“ ги подобрил затворските услови за политичките затвореници. Одговори дека во времето кога во Кралството Југославија поради пишувана и усна советска пропаганда ги убивале комунистите „како кучиња“ по улиците, Броз и Пијаде во „Лепоглава“ редовно добивале дневен печат, книги, биле ослободени од присилна работа и дека не му е познато какви книги читале, или што пишувале. Во врска со ова се поставува прашањето, како е можно еден терорист („професионален револуционер“ на СССР) кој фрла бомби во Кралството Југославија, не само да не биде физички елиминиран, туку да добие статус на привелигиран затвореник? Веројатно сосема е издржано тврдењето дека Ј.Броз работел и за потребите на разузнуваањето и контразузнувањето на Кралска Југославија, инаку како да си ја објасниме „смртта на седумте секретари на СКОЈ“ во времето додека Ј.Броз непречено организира работнички штрајкови по градовите во Кралска Југославија?

И тука имаме уште една сличност во биографските податоци меѓу Хитлер и Тито. Хитлер како агент на германското разузнавање е уфрлен во „герменското работничко движење“ и диригиран од веќе споменатиот Ерих фон Лудендорф прави неупешно се обидува со „ревлуција“ да ја превземе власта во Германија, по што е осуден на казна затвор, а во затворот добива привелигиран затворенички стус и по издржувањето на затворската казна од затворот излегува како „национален херој“ (Хитлер ја преименува партијата во: Национал-социјалистичка Германска Работничка Партија, а и Мусолини пред да стане фашист, бил деклариран социјалист).

Ролјата на Ј.Б.Тито во „Шпанската граѓанска војна“ во драмата „Тито, сигурни дијаграми на копнежот“ се сведува на епизоди од неговиот развратен живот во Париз. Сталин секако не бил таква будала да испраќа свои емисари во Париз со задача да „гуљаат“ (да му се насладуваат безделнички на животот) додека „работничката класа“ во СССР буквално гладувала за да се обезбедат секакви ресурси за планираната од Сталин идна светска советска револуција!

Во врска со тогашниот престој на Едвард Кардељ и Ј.Броз во Париз најзначајни се две работи.

Помалку значајната е таа дека Кардељ и Броз го губат судскиот процес во кој поднеле обвинение со против цел да ја забранат книгата на хрватскиот комунист Анте Цилига кој во Париз ја издал книгата „Земјата на големата лага“ (СССР) во која ги опишал своите грозоморни впечатоци од неговите престои во „првата држава на научниот комунизам“ (СССР). Во драмата одлично би се вклопила вистинската сцена која се случила во еден суд во Париз, при што Цилга како материјална и духовна сатисфакција од тужителите Броз и Кардељ кои го изгубиле судскиот спор бара само еден француски франк.

Другиот позначаен момент од тогашниот престој на Броз и Кардељ во Париз е нивната ролја во испраќањето на „југословенски доброволци во Шпанската граѓанска војна“. Во тоа време како советски инструктор среде француските комунисти престојувал Методија Шаторов Шарло, кој имал можност од споменатите доброволци пребегнати од Шпанија во Франција да добие нивно мислење за „провалите“, при што во една од нив полицијата на Кралството Југославија заробила дури и цел брод „доброволци“. За ови тврдење Шарло на Сталин му испраќал писма со сведоштва за „провалите“ среде „југословенските доброволци“ и ако тие „сведоштва“ се аргументирани тогаш озлегува дека Шарло уште пред почетокот на Втората светска војна се обидувал да убеди Сталин дека Броз е „империјалистички агент“. Во 1941 г. Шарло на Сталин му пишува дека „човекот со златен прстен“, т.е. Јосип Броз Тито“ е агент на Интелеџенс сервис (ова писмо на Шарло е напечатено во книгата: „Македонија у Народноослободилачком рату и Народној револуцији“, том 7, Белград 1951 г., издадена од Централниот архив на ЦК КПЈ) .

Значајни се и настаните кога Ј.Броз го узрпира раководењето со КПЈ. Во тоа време Сталин размислувал да ја распушти КПЈ, кое нешто значело продолжување на советската политика за уништување на Версајскиот систем (создавањето на Кралството СХС после Првата светска од некои европски политичари е креирано со цел споменатото кралство да служи како „санитарен коридор“ од советското влијание во Европа). Масовната ликвидација на „југословенски другари“ кои дошле на партиска обука во СССР е инспирирана од Сталиновите основани и неосновани (параноични) сомнежи дека дотичните биле агентура на Кралството Југославија. Во тие Сталинови чистки „покрај сувото горело и зеленото“, а Ј.Броз како осомничен „спасил жива глава“. Настрадал тогашниот легитимен шеф на КПЈ кој е ликвидиран со обвинение дека е агент на Кралството Југославија, а Ј.Б.Тито никогаш не ги стави на увид на јавноста досиејата на тајните служби на Кралството Југославија. Колку е веродостојно дека во овој случај Сталин наредил да се стрела негов вистински приврзаник – незнам, а неспорно е дека во тоа врме Ј.Броз е офицер на НКВД (Сталиновото разузнавање).

Во 1977 г. Титоистичката пропаганда ја напечати својата најдебела и најтешка книга: „ТИТО – 40 година на челу КПЈ“, но после неполна деценија потоа на увид на јавноста беа ставени сведоштва според кои Ј.Броз не во 1937 туку во 1939 г. „застанал на чело на КПЈ“. Демек во 1939 г. стигнала согласноста од Коминтерната (помошен орган на советската надворешна политика) за неговото шефување со КПЈ. По се изгледа дека се сосема веродостојни тврдењата на еден „Титов другар“ дека Ј.Броз дури во 1940 г. станал легимитимен генерален секретар на КПЈ. Уште позначајнотѕо е што во СФРЈ диктаторот Тито се глорицифираше со измислиците дека тој уште во 1937 г. се залагал за федеративно уредување на Југославија, при што предвидел и Македонија да биде една од тие федерални единици. Демек сето тоа било во согласност со директивата на Коминтерната од фебруари 1934 г. со која наводно се направило првото меѓународно признавање на македонската нација. Во контекст на ова лага се надоврзуваше и титоистичката лага дека во 1940 г. „другарот Тито“ им напишал писмо на „другарите од Македонија“ дека тој ја признавал македонската нација. Но, во зборникот документи „Југославија 1917-1984“ (Петрановиќ-Зечевиќ) е објавен еден таков Титов проглас од мај 1941 г. во кој „нашиот главен јунак“ Македонците ги именува како Срби. Овој Титов проглас во СФРЈ беше познат како оној проглас којшто Шарло не сакал да го распространува во Македонија, при што неговата оригинална содржина беше недостапна за јавноста. Веродостојноста на Титовиот „мајски проглас“ во кој тој Македонците ги третира како Срби се потврдува и од оценката на Шарло за овој проглас која тој му ја испратил на Сталин, а тоа писмо е објавено во веќе споменатиот зборник од 1951 г. во Белград.

Интересна пародија може да се направи и со титоистичкото јуначење дека на 27-ми март 1941 г. КПЈ ги организирала т.н. мартовски демонстрации („Бољје гроб, него роб!“) по повод пристапувањето на Кралска Југославија кон оската Хитлер-Мусолини. Вистината е дека демонстрациите се организирани од британското разузнавање со помош на раноразни агенти (на британските тајни служби, на кралското разузнавање, американското и на советското разузнавање). Неколку години по смртта на Ј.Б.Тито неговиот другар С.В.Темпо во едно свое сведоштво ќе напише дека утрото на 27-ми март 1941 г. појма немале што се случувало на белградските улици. По однос на тврдењета дека Ј.Броз работел за потвребите на Гестапо (во времето додека лицемерено се почитувал пактот Рибентроп-Молотов, т.е. договорот Хитлер-Сталин) во публикуваните за јавноста извештаи на Интелеџенс сервис кои се однесуваат на „нашиот главен јунак“ се тврди дека Ј.Броз не се согласил со директивите на Коминтернта (Сталин) југословенските комунисти да не организираат вооружена одбрана Кралството Југославија од фашистичко-нацистичкта агресија. Но, хрватските комунисти согласно со интересите на Сталин не се спротиставуваат на „Независна Хрватска“, а црногорските пак согласно со Сталин се подгутвуваат да ја прогласат својата „Советска Црна Гора“. Во тоа време во Москва Сталин, не само што одбива да се сретне со југословенскиот кралски амбасадор, туку го повикува бугарскиот царски амбасадор за да ги пренесе советските честитки за присоединувањето на „новоослободените бугарски територии“ кон царството на бугарскиот цар Борис Трети Обединител. Потоа, Шарло согласно директивата од Москва, со дадената согласност од југословенските комунисти Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија организационо го припојува кон БКП. Односот на Сталин кон македонското прашање се менува со Хитлеровиот напад на СССР. Иако Шарло го објавил „својот“ проглас за „Советска Македонија“, Сталин сега својот интерес го гледа во обновувањето на Југославија.

Тактизирањето на Сталин со македонското прашање (во времетраењето на лицемерното почитување на пактот Рибентроп-Молотов, во времето на првата седмица на Второто заседание на АВНОЈ и вовремето на создавањето на македонската литературна норма) во драмата „Тито, сигурни дијаграми на копнежот“ е исмеано со остро поставеното прашање на Сталин до Ѓилас, - што се Македонците, дали се Бугари или не? Острата критика на Сталин до Ј.Б.Тито која е парафразирана во горното прашање е упатена неколку дена по одржувањето на Второто заседание на АВНОЈ (29-30.11.1943 г.). Во октомри 1943 г. офицер на НКВД со падобран се спушта на територија контролирана од ГШ а НОВ и ПОЈ (т.е. од Ј.Б.Тито) и на „нашиот главен јунак“ му ја пренесува острата Сталинова критика дека КПЈ ја налева водата кон Ванчо Михајлов со прогласувањето на „Самостојна Македонија“ (овој проглас на КПЈ е напишан од инструкторот на КПЈ во ПК на КПЈ за Македонја, „другарот Радосављевиќ“, кој инсистирал и Косовското прашање да се реши со припојувањ кон Албанија, како идна федерална единица од идната Балканска федерација). Потоа сталиновиот курир ја пренесува наредбата на својот „хазаин“ (Сталин) до Тито, последниот да не свикува државотворно собрание за зачувување на Југославија, тука да прогласи Балканска или Јужнословенска федерација. Но, „нашиот главен јунак“ свикува состанок на ЦК на КПЈ и на неколку листа хартија напишуваат дека ги следат директивите на Сталин и набргу потоа на Второто заседание на АВНОЈ декларират дека се борат за федерализација на Југославија. Епилогот од ова средба меѓу послушниот и непослушниот офицер на НКВД „плаче“ за театарска пародија: - во ист ден, на 06.12.1943 г. двајцата тајно пишуваат строго доверливи писма. Едниот до „хазаинот“ (газдата) дека Ј.Б.Тито не е послушен, а Ј.Б.Тито му пишува инструкции на Темпо (инструктор на Тито во ЦК КПМ и ГШ на НОВ и ПО на Македонија) со цел Темпо „на некое народно собрание“ да го „узурпира“ (така стои во документот) правото на самоопределување на македонскиот народ (т.е. на антифашистичко народно собрание организирано од КПЈ да ја прогласи Македонија за југословенска федерална единица), при што Тито на Темпо му нагласува: „Указујемо ти на врлу важну чињеницу – на сарадњу са друговима из грчкие и бугарске партије, у том погледу треба да си тактичан. ...У свјетлу свега овога треба да ти је јасно да наша актуелна парола не може бити Балканска федерација, а ни уједињење с Бугарима, иако ми, општопропагандно, постављамо и истичемо жељу народа Југославије да Бугари ступе с њима у једну јединствену будућу федеративну заједницу, а говоримо општепропагандно и о братству и јединства народа Балкана“. (Зборник документи на Архивот на ЦК КПЈ - „Македонија у Народноослободилачком рату и и Народној Револуцији“, Белград 1951 г. том 7.)

Одличен материјал за театарската пародија е и исмислената приказна за „македонските другари“ кои заради големиот снег не успеале да стигнат на Второто заседание. Во контекст на фалсификувањето на оригиналните документи од Второто заседание на АВНОЈ добра пародија може да се направи и од фактот што цела дузина „македонски другари“ после Втората светска војна беа прогласени за делгати на АВНОЈ (еден од нив, Димитар Влахов по тоа време се наоѓа во Москва или Лазо Колишевски кој е интирниран во бугарски фашистички затвор).

Стенограмите од средбите Черчил-Тито одржани во текот на Втората светска војна за јавноста станаа достапни дури во 1988 г. Во нив има толку многу материјал за театраска пародија.... На пример, во стенограмите стои дека Тито на Черчил му ветува дека нема да прави „колективизација“ по советски образец (насилно здружување на земјоделско-работнички колективи), а по судирот Тито ги воведува Селско-работничките задруги (СРЗ). Пред Черчил Тито го осудува бољшевистичкиот терор, а од првиот ден на својата борба за власт во Југославија применува ленинистичко-сталинистички терор. Во стенограмите од разговорите на Тито со „Британците“ вниманието најмногу го привелкува британскиот предлог „нашиот главен јунак“ да одбере дали да биде „сиромешен советски чиновник“ (т.е. слуга на „хазаинот“), или под патронат на Черчил да ја игра ролјата на „балкански мангуп кој на нему својсвен начин ќе ги изгрува двете страни“ (Исток и Запад)? – Ј.Броз Тито на поставеното прашање на Черчил му одговара дека ја избрал „независноста на Југославија“.Покасно од француски геостратези Ј.Броз ќе ја прифати и реализи идејата за „Неврзаните“ со цел да се намали советското влијание на глобално рамниште.

Грозоморниот лик на божемниот „наш најголем хуманист“ истотака „плаче за пародија“ и поради договор со Захаријадис и британското разузнавање заради спречувањето на советизацијата на Балканот, при што ги жртвуваат Македонците Грција...

За злосторствата на „нашиот главен јунак“ врз Македонците има материјал за „шпанска серија“. Сајт (не блог) треба да се опишат трагикомедиите со обидите за присоединување на Пиринска Македонија кон Југославија, со национализацијата, со со колективизацијата, со експропријацијата, со етничко чистење на Мариово, со создавањето на македонската литературна норма под диктат на Ѓилас.... Создавањето на Титовиот концлогор „Голи Оток“ е во истата 1948 г. кога во ООН е донесена е Универзалната декларација за човековите права. Или, Декларацијата за граѓанските слободи донесена на Првото заседание на АСНОМ на страница и половина ги декларира сите најзначајни човекови права и слободи, ама со неколку збора во истата декларација ги укинува ако не со во склад со интересите на „работничката класа“ (т.е. Ј.Б.Тито). Книги и книги треба да се напечатат за да се разголи титоистичкото фалсификување на македонската историја, на македонскиот фолклор...

Првата јазична комисија при крајот на ноември 1944 г. во Скопје во кодификацијата на македонската литературна норма усвила графема (буква) за т.н. темен вокал (Ъ – ъ). Но тоа не им се допаднало на „другарите во Беград“. Ѓилас директивата му ја предава на Конески и од март 1945 г. ја имаме денешната азбука.Се на се преставата „Тито, сигурни дијаграми на копнежот“ беше одлична, во дваиполчаса исзгледани во еден здив, во релаксирана и целосно привлечено внимание, без миг на досада, не потсети на Титовите тргикомедии, а трагикомичен беше и опитот да се забрани преставата, токму во моментот кога Премиерот Никола Груевски беше во официјална посета на Лисабон, во годината кога треба да добиеме покана за членство во НАТО. Абе, жив е тој, жив е...

Слична статија за „ликот и (не)делото на Ј.Б.Тито“ тука.

Нема коментари:

Објави коментар