недела, 15 јуни 2008

Ќе има ли „двобој“ Шекеринска - Црвенковски? Измени.

Се сеќавате ли на јавниот обвинител Александар Прчевчки? - Човекот кој во контекст на партизацијата на судството самиот се нарече „последната будала“.

Да си припомнеме и на обидот на г-нот Љубчо Георгиевски со византиска итрина да инсталира марионетски лидер на ВМРО-ДПМНЕ. След поразот од „боксерот Груевски“ (т.е. членството на ВМРО-ДПМНЕ), дотогашната „икона на ВМРО-ДПМНЕ“ се „закани“ со неговото практикување џудо во политиката. До каде стаса џудо-политичарот на сите ни е познато.

Од неодамна „се шушка “ дека и актуелната лидерка на СДСМ сакала да се еманципира од нејзиниот партиски папа. Ама, како што кажува г-нот Есад Рахиќ, мнозинството од делегатите на последниот конгрес на СДСМ биле лојални на „Василиј од Слатино“. Од друга страна, според последнита анкета г-нот Црвенковски има рејтинг од 5,7%, а г-ѓа Шекеринска од 1,5%. Веројато г-ѓа Шекеринска сака да биде лидерка на монолитна партија, ама мораше да се согласи обидот на г-нот Бучковски да се еманципира од „папата“ на „свети сдсм“ да заврши со признавање на фракцијата „бучковисти“ во СДСМ.

За нискиот рејтинг на СДСМ, кој среде лето се буди од ланскиот зимски сон, има повеќе причини, меѓу кои е и мнението дека г-ѓа Шекеринска како лидерка на СДСМ е марионетка на „лицето Б.Ц.“.

Секако г-ѓа Шекеринска не сака да биде ничија политичка марионетка. Историјата не познава вазал кој не се обидел да се ослободи од својот господар во моментот кога ќе процени дека во тоа може да успее.

Дали околу 2009 г. ќе има „двобој“ Шекеринска - Црвенковски, сеуште е рано да прогнозираме.

Р.Ѕ.

После предвремените парламентарни избори одржани на 01.06.2008 г. во контекст на горното нема што да прогнозираме.

Нема коментари:

Објави коментар