вторник, 17 јуни 2008

Кејкот на британската кралица Елизабет I (1533-1603)

Восочната фигура на Елизабет I (1533-1603)

Во 1999 г. бугарскиот историчар Илија Тодев под заглавието: „Митот Македонија“ пишува:

„Тој може да биде наречен мит – шпекулација. Ќе ми биде дозволено да го споредам со една, полусериозна, полушеговита, легенда, која се поддржува од Middle Temple, каде е сместена една од четирите лондонски колегии на адвокатите. Ако имате врски, уверува туристичкиот водич Fodor, вие и денес во неговата трпезарија би можеле да каснете кејк приготвен лично од кралицата Елизабет I. Веројатно си мислите дека станува збор за нешто многу бајато. Ништо слично, кејкот е испечен претходната седмица. Ете како станува тоа? На Middle Temple кралицата Елизабет I направила гест, им подарила кејк, тврди легендата, која го приготвила со сопствените раце. Практичните адвокати задржале едно парче од него, остатокот го изеле. Следната седмица, кога во гостилницата приготвувале нов кејк, во него го раствориле парчето од кралскиот кејк. Така секоја седмица и до денес. Значи, во кејкот којшто ви го предложиле денес во Middle Temple, делот од автентичниот кејк на Елизабет I навистина е бескрајно мал – завршува Fodor, - но никој не може да го одрекнува. Така и нашите југозападни Бугари [Се однесува на современите Македонци. – Заб. atoris_b], со логиката на адвокатите од Middle Temple, секогаш можат да кажат дека во нивните жили тече крвта на Александар Велики, – како што му објаснувале уште [во 1871 год.] на скептичниот Славејков [Петко Рачов Славејков (1827-1895), бугарски поет, публицист, фолклорист и општественик, основач на в-кот „Македония“ кој излегувал во Цариград од 1866 до 1872 год.– Заб. atoris_b].“ (Илия Тодев, Към друго минало или пренебрегавани аспекти на българското национално възраждане. София 1999. 74)

Постери од сегашната акција на МСУ (ноември-декември 2007 г.)

Нема коментари:

Објави коментар