понеделник, 16 јуни 2008

Еден месец потоа

Пред еден месец за прв пат во Југоисточна Европа се случи да му биде одземен пратеничкиот имунитет на пратеник кој претходно бил министер и премиер. Шпекулациите дека тоа било мотивирано од политички пресметки суште не стивнуваат.

Со должното уважение на принципот дека секој осомничен е невин додека не биде осуден од последната судска инстанца, се додека не биде затворен сличајот „набавка на резервни тенковски делови“ за мене г-нот Владо Бучковски е невин и секое негово шиканиање како виновен, на пример како на горната слика, е неприфатливо.

Никој не е виновен додека не биде осуден.

Но, почитувањето на овој принцип деклариран за прв пат во Француската револуција (која се смета за почеток на современата демократија), не го ускратува правото јавно да се изрази сомнежет дека г-нот Осомничен на ја зборува вистината. Истотака и најавата за покренување на обвинтителен акт не зачи дека е дотичниот е виновен.

Осомничен тврдеше дека режисерот на обидот за негово итно притварање бил г-нот Љубиша Георгиевски, но најавата на Обинителството дека г-нот Осомничен ќе стане г-н Обвинет го поткрепува сомнежот изнерсен од пратеникот Влатко Ѓорчев дека значителен дел од парите стекнати во спорната „набавка на резервни тенковски делови“ биле наменети за изборнаtа кампања на „државникот“.

Неспорно е дека многумина од политички причини
би сакале ова слика да ја видат како реалност.

После 8-часовниот распит во Основниот суд и притисокот врз истиот суд од европскиот СДСМ на г-ѓа Шекеринска, дотичниот г-н изјави дека ја извојувал битката за слободата, при што се доби впечаток дека во истражната постапка биле увежени неговите „нови докази“. Но, набргу на јавноста и беше соопштено дека на г-нот Осомничен му бил одземен дипломатски пасош и му било забрането да се движи надвор од територијата на град Скопје, кое нешто кажува дека неговите „нови докози“ не биле пресудниот чинител да не биде испратен во притвор.

По се изгледа дека не „новите докази“, туку притисоците на европскиот СДСМ врз истражниот судија го спасија г-нот Осомничен од притвор.

Ако дотичниот гоподин сам се откажал од пратеничкиот имунитет кој го штити од притвор во истражен затвор, тогаш кому му беше потребен „театарот“ кој го приреди европскиот СДСМ на соодветната собраниска комисија и пред Основниот суд во Скопје?

Не е убаво да се шпекулира со тврдењето дека „папата на свети сдсм“ ја организираал таа мечкина услуга на г-нот Осомничен со цел истиот „да не пропее“ во истржаниот затвор.

Од некои луѓе кои поминале извесно време во притвор и затвор сум слушал дека притворот е „сто пати по грозен од затворот“. Додека биле во притвор, не им дозволувале да спијат, постојано ги распрашувале и после неколку дена неспиење во истражната постапка заборавале што кажале, што излажале, незнаеле дали е ден или ноќ и на крајот се си признале, само и само да ги остават да се наспијат.

Дека отслужувањето на затворската казна било многу полесно од притворот го илустрираа со фактот што притворениот, за разлика од затвореникот, немал право на сексуален однос со својот брачен партнер. Веројатно „театарот“ кој го приреди европскиот СДСМ во заштита на ликот и делото на г-нот Бучковски, беше инспириран од хуманитарни побуди, а не од директивата на „државникот“.

Се повеќе имаме показатели според кои може да заклучиме споменатиот режисер досега не режирал никаква престава во која главна ролја игра споменатиот пратеник, но ако дотичниот г-н Осомничен на крајот од „сторијата“ биде испратен да „свири клавир“ во Идризово, тогаш г-нот Љубиша Георгиевски, од хуманитарни побуди - секако, ќе има можност да режира некаква прествава во која би можел евентуалниот г-н Осуденик да ги реализира и на друг начин своите артистички афинитети и способности.

И најсетне, ако дотичниот г-н Осомничен стане г-н Осуденик дали европскиот СДСМ на г-ѓа Шекеринска и неговиот „папа“ ќе ја блокираат влезната врата на соодветниот затвор?

Нема коментари:

Објави коментар