среда, 18 јуни 2008

Споменик на ...

Овој споменикот изграден „Во чест на бранителите на РМ од 2001 год. и ...“ е поставен на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица.

Според кажувањето на актуелниот градоначалник на Струмица Зоран Заев идејното решение за овој споменик не било лично избрано од него, туку од комисија составена од владеачките советници на СДСМ и опозицијата во Советот на општина Струмица, со согласност од претставници на МПЦ и согласност на семејствата на загинатите бранители. Според градоначалникот Зоран Заев во овој споменик треба да се препознае феникс, раѓање на нов живот, затоа што „бранителите на РМ од 2001 год.“ се бореле за нов живот.

Не се разбирам од уметност како г-нот Заев и членовите на комисијата што ја формирал тој, но споменикот ме потсетува на осудата на струмичани која му ја изрекоа во струмичката чаршија во 2001 година кога г-нот Заев наместо да одговори на повикот за негова мобилизација во АРМ, дезертирал во Грција, каде до крајот на „воениот конфликт“ по грчките плажи и во станот на чичко му во Солун „се криел“ од македонската власт. (Да не се разбереме погрешно, денес не го обвинувам г-нот Зоран Заев за дезертерство од АРМ, тој ако дезертирал од АРМ во 2001 г. после потпишувањето на Рамковниот е амнестиран – што ќе рече веќе невин е.)

Во контекст на оваа чаршиско оговарање, овој споеменик подигнат „во чест на бранителите на РМ од 2001 год.“ на мене ми се чини дека на г-нот Заев го асоцира на неговите тогашни проводи по грчките плажи и на тогашните негови ноќни мори од евентална несакана бременост.

Јас сум си „стар модел, со застарена програма“, не се разбирам од совремна уметност, но ако голата жена е симбол на воена храброст, на загинатите во борба за слобода, тогаш предлагам да ги осовремениме и спомениците и бистите на борците од „НОБ и Народната Револуција“. На пример, меѓу бистите на првоборците Боро Џони и Благој Јанков Мучето во малиот градски парк, може да се постави истиот „феникс“.

Или, за да ги истакнеме уште посилно ѕверствата на бугарскиот фашистички окупатор, би можеле да ставеме слични „феникси“ и на соменикот на Благој Јанков Мучето.

Секако не треба да се заборави и бистата на првоборецот Јоска Јосифовски Свештарот – та нели и тој загина за нов живот.

За нов живот се бореа и комитите на ВМРО. Не бива и нив да ги заборавиме. Во Струмица од пред неколку децении има импозантен споменик на Гоце Делчев (свртен со раширени раце кон Пирин и Егеј) – предлагам да не го менуваме. Постариот споменик на Гоце Делчев во Струмица е посветен по повод на неговиот неуспешен опит да го киднапираат тогашното младо струмичко бегче.

На овој споменик веќе подолго време недоставува „туречето“ (кое своевремно им избегало на своите киднапери - та не е чудо што и сега “избегало“ од споменикот), па би можело на негово место во споменикот да се постави веќе спомнатиот „феникс“.

Во Струмица одамна се заговара подигање споменик и на Струма, спред легендата ќераката на римскиот император Тибериј, која заради љубовта на својот љубовник ја предала војската на татка си. Споменикот на Струма – феникс (оти нели градот и после 19 века од нејзиното предавство пак си постои) би можело да се лоцира во малиот градски парк. Во случајот на споемникот на Струма задолжително треба да се напише дека е споменик на Струма - феникс, а не споменик на дружељубивоста на најмладиот градоначалник во Македонија г-нот Зоран Заев.

Нема коментари:

Објави коментар