недела, 15 јуни 2008

Рђавом.... и длаке сметају.


Зошто скопјани плаќаат 100% погоеми сметки за вода, во кои е пресметана и цената за одржување на градското зеленило и комуналната хигиена? Зошто скопјани не гледаат нова механизација и нововрабоени за одржување на комуналната хигиена и градското зеленило? Како мисли актуелниот градоначалник на Скопје да ги троши парите од покачувањето на цената на водата? Нама одговор на овие прашања во последното интервју со г-нот Трифун Костовски (јуни 2007 г.). Во него може само да ги прочитаме неговите жалби и поплаки: од Груевски, од ЗЕЛС, од системот, од рураалните средини вклучени во Градот, од сите... Во вакви сутуации нашата северна соседтка вели: „Рђавом... и длаке сметају!“. За жал и понатаму г-нот Трифун Костовски останува најпоштедената јавна личност од македонските медиуми. Да беше друг човек градоначалник со такви резултати досега сигурно ќе служеше како општопознат пример каков не треба да биде еден градоначалник. Но, фала им на оние ои му овозможија да му ги видеме способностите како политичар, инаку, ако формираше партија и влезеше во Владата на РМ, не Скопје, Македонија ќе страдеше.





Нема коментари:

Објави коментар