четврток, 26 јуни 2008

Први вонредни избори

Честито први вонредни (или, предвермени) парламентарни избори!

The End за блогпост papata.blog.com.mk
Политикита е сериозна работа за да се гледа само од нејзината трагикомична страна, а јас имам поважни обврски отколку да си се релаксирам тука.

P.S.
papata.blog.com.mk беше постиран од 24.12.2006 г. до 10.04.2008 г., а потоа избришен. Во контескт на истиот беа направени и публикувани четири клипчиња:

Љубчо „Во Центарот“

Генијален аналитичар, но катасторофален политичар. Своевремено предизвика многу восхит и многу гнев. Понекогаш, поради Македонинија, жалам што самиот си направи да заврши како „Љубчо глупчо“.


Политичка перверзија

Во „Фокус“ од 04.04.2008 г., во контекст на нашата позиција во наметнувањето и разрешувањето на т.н. грчко-македонски спор имаме „дузина“ знaчајни тврдења на Васил Тупурковски и Мирка Велинова .

Според Тупурковски, Киро Глигоров ја пропуштил шансата за зачленување на Република Македонија во ООН со нашето „уставно име“.

Според Мирка Велинова: „ПРЕГОВАРАМЕ ЗА ИМЕТО, А ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА НЕ БИЛА РАТИФИКУВАНА ОД ГРЦИЈА“.

Американскиот психијатар Скот Пек во својата книга „Патот по кој поретко се оди“ како недемократска ја определува секоја влада која крие витална (животно значајна)информација од сопствениот народ. Разбира се, тоа е утописко гледиште за демократијата. Сосема е разбирливо што на овој бел свет има „калсифицирани информации“, или државни тајни. Но, ако сето тоа што го зборуваат Тупурковски и Велиновска е точно, тогаш не само Грците, туку и т.н. „мудрец“, „државник“ и некогашната „икона на ВМРО-ДПМНЕ“, како и Хари Костов и Бучко со македонската јавност се однесуваат како со овци. И покојниот Борис Трајковски не ни соопшти дека Грција во својот парламент не ја ратификувала Времената спогодба. Со Б.Трајковски бевме пријатели, „генерација“, познавајки го неговиот карактер, неговиот христијаснки дух, ме зачудува зошто и тој ја криел од јавността таа витална информација за наметнувањето и разреашувањето на т.н. грчко-македонски спор.

Доборососедски македонско-бугарски односи

Скопје, денес, на 1-ви април, во 8:00 h по македонско време, во просториите на МАНУ, македонскиот историчар Александар Донски свечено му го врачи македонскиот пасош на бугарскиот историчар Божидар Димитров кој конечно призна дека отсекогаш си бил Македонец и платеник-слуга на бугарската буржоазија. Со голема радост Божидар Димитров изјави дека би бил многу среќен ако наскоро стане член на МАНУ, бидејќи отсекогаш тајно си мечтаел еден ден да стане македонски академик.

Скопие, днес, на 1-ви април, в 9:00 h по българско време, във помещтенията на МАНУ, македонският историк Александър Донски тържествено предаде македонският паспорт на българския историк Божидар Димитров който окончаелно призна че от винаги си бил Македонец потплатен-слуга на българската буржоазия. Със голяма радост Божидар Димитров заяви че би бил многу щтаслив ако наскоро стане член на МАНУ понеже от винаги тайно си мечтаел един ден да бъде македонски академик.

P.S.

Неколку години наназад Божидар Димитров си прави првоаприлски шеги по однос на македонско-бугарските односи. За жал, годинава tv „Сител“ се фати на „јадицата“ фрлена од Б.Димитров, без да размисли дека никој не може да биде назначан за амбасадор во било која земја ако змејата домакин не се согласи со предложеното лице за амбасадор на еди која си држава.

Партија на одмазниците!

Латас се заканува со формирање на нова партија?!


P.S.
Една германска мудрост поучува: „Подобро е да имаш умен непријател, отколку и глуп пријател.“
Бранко и Рада не ги растурија првите предвремени парламентарни избори, секако не оти се изплашија од заканата на Латас дека „разочараните“ како него ќе ги бојкотирале наредните председателски избори, та Бранко нема да биде избран по втор пат за Претседател на РМ. Се надевам и Латас веќе сфатил колку зелена скинал кога ја смислил наведената закана, оти Бранко веќе сфатил дека неговиот реизбор е многу, многу неверојатна работа.

Легализација на соживотот

Во мандатот добиен след „легендарниот 15-ти септември“ СДСМ со своите три премиери и еден непризнат од сите државник ја пропуштија шансата во практика правилно и комплетно да го имплементираат т.н. Рамковен договор (кој одамна е составен дел од Уставот на РМ). Веројатно во СДСМ намерно оставија на ВМРО-ДПМНЕ „нешто“ за имплементација од „рамковниот“ со цел „да му се осветат“ на Груевски за противњето на границите во разгринучувањето на општините во новата територијална реорганизација (за „референдумот“), кое нешто влијаеше силно за пaд на рејтингот на СДСМ. Потоа „да му се осветат“ на Груевски за укажувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ и ДУИ постигнаа согласност за употребата на албанското знаме во единиците на локалната самоуправа спротивно на Уставот на РМ, кое нешто исто така влијаеше негативно за рејтингот на СДСМ.

Изгледа дека Груевски тактизира со целосната имплементација на „рамковниот“ со цел да ги придобие ДУИ и ДПА за следните претсетаделски избори. Незнам! Ќе видеме догодина, само да сме живи и здрави.

Се поблиску до целта!

Бакојани: Предлогот Republic of Macedonia (Skopje) е далеку од целта.


Секако Бакојани не размислува така, како што е прикажено на карикатурата. Верувам дека и таа сака да опстане нашата држава. Но грешката што ја направи нејзиниот татко Мицотакис во сојузништвото со Слободан Милошевиќ за да се попречи зачленувањето на Република Македонија во ОН, остави големи траги во грчката јавност, та не може така лесно и да се исправи.

Најзначајно е да направиме голем чекор во споредба со 1991 год.

Историјата на македонско-американското пријателство веројатно започнува со опитот на ТМОРО и ВМОК преку неуспешната мисија на Борис Сарафов да ја обезбеди поддршката на САД за успехот на идното Илинденско востание - т.е. за извојување на Автономија за Македонија и Одринско во рамките на Турција.

Неспорната подршка на САД, од времето на Буш Сениор до Буш Јуниор, секако е еден од главните чинители што до ден денес опстана Република Македонија. За жал во времето на Буш Сениор најзначајните македонистички политички чинители одбија поблиска соработка со САД за надминување на т.н. грчко-македонски спор, преку изнаоѓање на компромис за кој се залагаше Буш Сениор. Но, ајде било што било, дај Боже наскоро да се радуваме на зачленувањето на РМ во НАТО.

Компромисот си е компромис, никој не може да биде сосема задоволен од него. Секој треба да се откаже од нешто свое, за доброто на сите. Ако се прифати овој предлог освен додавката „(Skopje)“ ќе треба да се навикнеме и на формулацијата: Made in Republic of Macedonia (Skopje), затоа што според предлог на Нимиц, се ограничува за сите самостојната употреба на именката Macedonia.

За жал, вчера македонските медиуми не известија дека во говорите не Бакојани и Карамнлис имало суштевена разлика во острината на говорите за изнаоѓање на компромис за решавање на т.н. грчко-македонкски спор.

Сепак, Тhank You USA!
Посебна благодарност на Нејзината Екселенција г-ѓа Џулијан Миловановиќ!

Грчки смоквички

Грчки смоквички (така се викаше еден еротско-порнографски серијал од 70-те години на минатиот век).

Ова се извадоци од интервјуто на г-нот Љубчо Георгиевски

за „Фокус“ (Скопје, 14.03.2008 г.)

Но, дали Латас повикува на војна со Грција, или се раководи од хипи девизата: „Make Love, Not War!“, можеме да заклучиме од неговиот човекољубив повик дека: Проблемот со името ќе го решиме кога соодветен маж ќе помине соодветна ноќ со Дора Бакојани, и ќе ја видиме сабајлето насмеана.“

Незнам, можеби овој рецепт на Латас е тајната на успехот во кој Николас Саркози толку безобразно ни соопшти дека т.н.грчко-македонсиот спор не е билатерален, туку меѓународен проблем.

Македонска салата - Made in France

Николас Саркози сосема саркастично ни порача: Ако Грција не ви го признава вашето уставно име за меѓународна употреба во ОН, во НАТО и ЕУ, Франција во Советот за безбедност при ОН ќе стави вето, па макар само Грција и Франција да не ве признавале како Република Македонија. Или, со други зборови кажано, Македонци од „FYROM“ имате ли алтернатива за вашиот опстанок како народ и држава, ако не најдете чааре да го спречите грчкото вето за вашето зачленуање во НАТО и ЕУ?

Саркастично понижувачкиот одгвор сепак е добронамерна порака која не упатува на објективното барaње на аргументиран одговор на прашањето: КОЈА Е АЛТЕРНАТИВАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, АКО СЕГА НЕ СЕ НАЈДЕ ЧААРЕ ГРЦИЈА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД НАМЕРАТА ДА СТАВИ ВЕТО НА ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО И ЕУ?

четврток, 19 јуни 2008

Д.Р.М.

Како што го разбрав непризнатиот од сите Претседател на РМ, но неспорен државник и „граѓанин Б.Ц.“, денес го заговараше како компромис името Демократска Република Македонија, за кое патем кажа дека е неприфатливо за Грците. (Или, кажано со други зборови, ценетиот ни државник, објави капитуалција во борбата за името.) - Не знам што е прифатливо за „малаките“, не ме интересира дали ДРМ во споредба ГРМ е подобар избор, туку каква врска има заложбата на „граѓанинот Б.Ц.“ да го прифатиме ДРМ во врска со она што го пишуваше „Фокус“ од 15.04.2005 г.? - Љубопитството не прозизлегува само од желбата да ја знам историската вистина, туку и од обвинувањето на „Рада Помада“ дека за она што било укакано во 1993 г., а до ден денешен не било исичистено, сноси најголема вина Грујо (не оти навивам за него, па ептен будала не сакам никој да ме прави).

И уште нешто! Чудно совпаѓање: Наскоро после формирањето на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, Тачи „лицето Б.Ц.“ од „пијандура“ и „норкаман“ го промовира во крводарител, а денес го призна во единcтвен државник! (Дали и што им вети Б.Ц на македонските Албанци за да си го осигура својот реизбор и да стане легитимен и од никој не оспоруван Председател на РМ?)

Но, сите тие се математики на државникот ни, за придавка која не задира во македонскиот национален идентитет колку и да се правени со Нимиц, Нуланд или Миловановиќ, сепак се направени без согласност на Дора Бакајани, без Караманлис... т.е без крчамарицата и крчмарот во чие друштвото сакaме да сме, ама не по секоја цена како Пиринци, Вардарци и Егејци, туку само како Македонци!

И, најсетне. Не еднаш самите сме се нарекувале Вардарска Македонија. Дали Република Вардарска Македонија е формулата на државникот ни и „Рада Помада“ за едновемнето запазување на националниот ни идентитет и спречувањето на грчкото вето за нашето зачленување во НАТО и ЕУ?

Античка Република Македонија

Зошто да не се викаме Античка Република Македонија, прашува sting EYE

Одговорот го имаме во речиси секој лексикон на стански зборови, или во секој толковен речник; освен ако sting EYE не е Грк, или гркоман.

Мала енциклопедија ПРОСВЕТА, Бeоград 1959 г.

Милан Вујаклија, Лексикон страних речи и израза.

Београд 1980 г.

БЪЛГАРСКИ ТЪЛКОВЕН РЕЧНИК (София 1994 г.)

Според Weekipedia: http://mk.wikipedia.org/wiki/Антика antiquity ...

Консензуална демократија



Срѓан Керим се справува со појава на НЛО

07.03.2008 г.
Според „Канал 5“, Французин тврди дека Срѓан Керим гради стратегија за соочување со НЛО, а Јапонците нема да војувале против вонземјаните.

Има ли Република Македонија стратегија за соочување со НЛО? Дали Охрид ќе стане туристичка мека за вонземјаните?

Латас бара соодвeтен маж!


Пред 15 години се тврдеше дека проблемот со FYROM ќе трае само три месеци, но и деновиве „нема абер“ дека истиот наскоро ќе биде решен во полза на Република Македонија.

Според Драган Павловиќ Латас: „Проблемот со името ќе го решиме кога соодветен маж ќе помине соодветна ноќ со Дора Бакојани, и ќе ја видиме сабајлето насмеана.

среда, 18 јуни 2008

Вон центарот!

5-ти март 2007 г.
„Ако сакаш да ја дознаеш вистината прашај го удбашот и верувај во спротивното“ – своевремено ме подучуваше еден од оние кои биле „Судени за Македонија“.

Колку пасоши има г-нот Љубчо Георгиевски? Досега, ниту потврдил, ниту одрекол дека има и „български паспорт“. Сигурно е само едно, дека има повеќе од еден пасош!
Во синоќешната емисија на Васко Ефтов, мојот сограѓанин Илија Илиевски тврдеше дека во времето на СФРЈ 15 години работел за бугарското разузнавање.
– Абре, Иљо ме изнасмеа! Не бива толку моногу да лажеш. Партијата која ја формираше во 1990 г. се викаше „Партија људских права Југославије“. Тогаш, кога не убедуваше да станеме членови и „функционери“ во твојата партија, се фалеше дека си неспорен Југословен затоа што мајка ти била Србинка. Требаше да помине прилично време, на својата „партија-човек“ да и дадеш македонистичка декларација и да станеш „голем Македонец“ и „антикомунист“ кој најпрво се пролсави со изјавта дадена во повеќепартиски состанок во Штип на 05.09.1991 г. дека комунизмот треба да се удри „със варииъ“ (со токмак).
Според сега покојниот Д.Г. (близок пријател на И.Илиевски), за македонистичката промена Иљо Илиевски пресудна била тогаш последната средба на Иљо Илиевски со Слободан Милошевиќ, откако се уверил дека Милошевиќ го лажел кога му ветувал дека ќе се ангажира за денеционализација на имотот на неговата мајка Србинка.
Набргу потоа, со сега покојниот Д.М. се „утапавме од смев“ кога ми раскажуваше како Илија Илиевски побарал „български паспорт“, запишувајки во барањето дека мајка му била „моравска българка“.
Потоа, пак според кажувањата на сега покојниот Д.Г., следуваа вистински бурлески со Илија Илиевски во Бугарија, од кои, за мене најсмешна е последната епизода. Првата епизода од „славниот престој“ на Иљо Илиевски во Бугарија започнува со негово јавно претставување како голем и огорчен „български патриот од Македония“. Како “прв гражданин на Македония който взел бългаски паспорт“, тој е богато гоштеван, шетан (како мечка), облекуван по последната најскапа мода, за да на крајот, во некој скап софијски хотел да биде оставен само по гаќи, без облека, без пари... Абе Иљо, како неуспешен и „пензиониран“ удбашки ловец на „бугарофили“, зарем мораше и во емисијата на Васко Ефтов да се глупираше до тој степен „по службена должност“, или пак на Бугарите им се одмаздуваше што те оставија по гаќи и без пари во скапиот софијски хотел?

И бугарскиот „удбаш“ Божидар Димитров во сношната емисја на Васко Ефтов покажа дека не е попаметен од нашиот Илија Илиевски. Доказателство: Божо признава дека се залага за „р е б ъ л г а р и з а ц и я на българите в Македония“! Но, ако Македонците се Бугари, треба ли некој да ги р е б у г а р и з и р а? Или, кажано со други зборови: треба ли златото да се позлатува? Можеби Божо сакаше да му „реплицира“ на Киро Глигоров кој тврдеше дека „дебугаризацијата е завршена во Македонија“?

И Васко Ефтов не се покажа поумен од Божидар Димитров. Јавно ја лапна како клен фалбата (пропаганда) на Б.Димитров за големиот интерес на македонските политичари за бугарски пасоши (дали поради порачката од нарачателот на неговта емисија, или поради неговата лековерност не знам). Да му дадеше два куфери со фалсификувани македонски барања за бугарски пасоши заверени преку разни агенции и адвокати Ефтов ќе си ги земеше „здраво за готово“ и ќе ни покажуваше на телевизија како голем новинарско-разузнувачки трофеј.

Васко Ефтов покажуваше некакви нотарски записи во кои Македонци декларирале дека зеле бугарски пасош, не оти се чувствувале Бугари, туку од економски причини. Глупости, што ако во Софија истите потпишале нотарски записи во кои кои напишале дека таквите нотарски акти во РМ ги направиле под притисок на „удба“?

Божидар Димиторов си го извози на Васко Ефтов како мало дете, низ три чешми го помина, а вода не му даде да се напие. Не му ја окри тајната колку Македонци имаат земено бугарски пасоши, каков е навистина интересот на Македонците за бугарски пасоши, та „нашата удба“ и понатаму ќе мора да работи со свои луѓе за бугарскта политика како посредници за добивање на бугарски пасоши. Инаку „нашата удба“ нема начин да го дознае точниот број на Македонци и кои Македонци имаат земено бугарски пасоши. Сепак, ако ова мое доживување ја повредува суетата на Васко Ефтов, за утеха треба да се помири со тоа што Божидар Димитров е многу поедуциран за дотичната „проблематика“ од него. (Б.Димитов од обичен полуграмотен рибар станал врвен разунавач, го организирал крадењето и враќањето на оригиналниот ракопис на Отец Паисиј од Света Гора, одбранил докторска дисертација, станал универзитетски професор, научил строгрчки, латински и други јазици, истражувал во „Тајните архиви на Ватикан“ - тие архиви не се тајни само така се викаат, а таков спремен македонски историчар со познавање на старогрчки и латински за да истражува во „Тајните архиви на Ватикан“ нема. Ако не верува Васко Ефтов нека го праша нашиот историчар Тодор Чепреганов.)

Зоран Заев пак ја пропушти можноста да ја разреши дилемета која прозилегува од струмичкиот чаршиски муабет дека тој има грчки пасош и стан во Солун (наследен од чичко му, кој, според чаршијата, богатство за основање на штедилницата на неговиот покоен чичко било стекнато со српско-грчки шферц на нафта за воените потреби на режимот на Слободан Милошевиќ).

Неодамна во Стумица и струмичко МВР конфискуваат 87 „бугарски коли“ на македонски државјани кои истите ги возеле во РМ со некакаво „полномоштво“. Во струмичката чаршија се говори дека нарачаелот на ова акција за конфискување на „бугарските коли“ е токму Зоран Заев, не поради тоа што тој е познат како човек на кој му е под достоинсвото да има има бугарски пасоош, туку, поради тоа што на тој начин навистина државта Република Македонија губела огромни пари: - поради неплатена царина во РМ, неплатен данок, неплатени трошоци за регистрација, а сето тоа го поттикнувало и земањето на бугарски пасоши.

Но, според истите чаршиски муабети, целата на Заев да ја предизвика оваа акција на МВР всушност била со цел да предизвика револт кон Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кај семејствата и роднините на оние македонски државјани на кои им биле одземени нивните „бугарски коли“. Ако во таква шах-мат позиција ја ставил МВР, алал да му, навистина е добар сдмсмовски играч, затоа што кај „оштетените странки“ на кој им се одземени „бугарските коли“ има огромен револт: - зошто само во Струмица е направена таква акција; - зошто Греувски „нема гас“ тоа да го направи во т.н. Запдна Македонија каде се возат огроемн број „албански коли“; - зошто не ги намалат двачките на увоз на стари коли; - зошто регистрацијата на возилата е толку скапа; - илјада „зошто“ како израз на сериознен револт.

Во меѓусебното гугуткање на Ефтов и Заев за причините поради кои струмичани земаат најмногу бугарски пасоши во споредба со цела Македонија, отсуствуваше најсуштественото прашање: Зошто после легендарниот 15-ти септември, дури „цела села“ од струмичко (на пример како мноизинството од младите од с. Моноспитово) се иселија во Италија, та денес среде моноспитци се врти мајтапот дека Пјаченца е Ново Моноспитово?

Pазбира се осигуран од Зоран Заев.

Зошто на Васко Ефтов му пречат само „бугарските пасоши“ и во контекст на ова непожелна појава за Република Македонија ги игнорираше следните прашањата:
1.
Дали за иселените стотина илјади Македонци „од ослободувањето“ (1945 г.) до денес (2008 г.) ни се виновни бугарските аспирации кон Макдонија или економската политика на диктаторот Јосип Броз, хоштаплерите Киро, Бранко, Љубчо и Бучко?
2.
Што е подобро за Макеонија во овој момент на Шенгенската барирата, Македонците да земаат секакви пасоши и да останат да живеат и работат во Македонија, или трајно да се ислелуваат во белосвтеските земји? Зарем е подобро во Европа, САД, Канда и Австралија да имаме стотина илјади Македонци со германски, француски, италијански, американски, кандски и кави ли не други пасоши, кои никогаш нема да се вратат во Репиблика Македонија?
3.
Зошто никој во Република Македонија не го актуелира прашањето колку Македонци што се отселени од СРМ во СФРЈ немаат македонски пасоши, а имаат земено Србски, Хрватски, Словенечки или Црногорски пасоши?
4.
Зошто никој не го поставува прашањето колку македонски Албанци имаат земено албански пасоши?
5. Ако можел Блаже Конески да се декларира Бугарин за да дипломира на Софијскиот универитет, или Лазо Колишевски да пишува молба до бураскиот цар Борис Трети Обединител дека е „благонадежен българин“ за да се спаси од смртната прсуда, а генералштабниот офицер на Кралска Јусославија Михајло Апостолски да пишува молба до цар Борис да биде приемен како официр во генералштабот на војската на бугарскиот фашистички окупатор (му понудиле понизок чин и не прифатил), а Киро Глигоров да изјавува дека е истотака „българин
“ за да отвори адвокатска канцеларија во Скопје, тогаш зошто денешните генерации Македонци да не се снаоѓаат самите како што знаат и умеат. Зарем треба да ја заборавиме македонската народна мудрост: „Сиромав човек, жив ѓавол!“
6. Зошто никој не го поставува прашањето колку македонски транзициони бизнисмени имаат земено странски пасоши? Зошто овие луѓе никој не ги етикитира како предавници?

И, најсетне дали некој може да ми посочи каде можам да ја купам книгата на Радуле во која тој ги разобличува „10-те лъжи на Божидар Димитров“, молам!