среда, 18 јуни 2008

Делегација на МАНУ, Ханзи и Калаши веднаш во ООН и НАТО!

Според точката II – 9. во последниот предлог на Метју Нимиц „првата страна“ (Грција ), ја прифаќа МАНУ како неспорна наша национална институција. Бидејки според последната сугестија на Нимиц не треба да го отфрламе „прговарачкиот процес “, а Грција настојува проблемот да го префлри во ООН, во духот на добрососедските односи и пријателство предлагам:

Делагација од МАНУ на чело со Академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет - македонские научници кои тврдад дека го го дешифрирале текстот на египетски камен во местото Розета, т.е. дека ние веќе комуницираме со античките Македонци , - веднаш да заминат во ООН и на белосветските учени да им го докажат своето научно откриетие.

После овој неспорен успех на македонистичката наука, пак делагација од МАНУ, но овој пат со припадници и на нашите мили сонародници од Пакистан, на чело со Ѓорѓија Џорџ Атансаов и г-нот Ралев, да заминат во ООН, каде Александар Донски и Марина Дојчиновска на сите белосвтески фактори ќе им објаснат дека Ханзите и Калашите се жив доказ дека ние сме потомци на Александар Трети, ем Велики, ем Македонски.

Со делагациите составени од членови на МАНУ, на Ханзите и Калашите, и на други македонски истражувачи, предлагам да појде и една делегација од СДСМ на чело со Киро Глигоров, со која на белосветските фаци во ООН ќе им објасне дека во 1993 г. се согласил на референцата FYROM затоа што сеуште не знаел за Ханзите, за Калашите и за кокошките во Република Македонија кои несат јајца со шенаесето крако сонце.

Неспорена историска вистина е дека нашиот Александар ем Велики ем Македонски во градот Суза (денешен Авганистан) оженил 10.000 свои војници (секако претежно антички Македонци) за моми од тамошното домородно население. Приуството на Б.Ц. е нужно да докажеме дека дел од тие војнци на нашиот најголем национален јунак кои стапиле во мешани бракови се вратиле во нашата ни мила античка Македонија и од колено на колено го пренсесувале македонското ни има старо 2.500 години.

За нужноста од присуството на г-ѓа Шекеинска во делагцијата која ќе ја предводи Киро Глигоров, ми се чини излишно е да говорам. Погледнете ги Калашките моми, слики прилики на наша Рада!

Разбира се, погоре предложениете делагации со себе ќе треба да си понесат по една- две касетки кокошкини јајца со шеснаестокракто сонце, како дополнителен неспорен аргумент дека ние сме наследниците на античките Македонци, во случај државните претставители од сите белосветски држави во ООН да не се согласат со изнесните сознанија на македонските научници и истражувачи, овие докази можат да им ги треснат од главата.

Линкови за Калашите:

1. Слики

2. Видео едно, видео друго

3. Калашкиот народ

Нема коментари:

Објави коментар