недела, 15 јуни 2008

Пат околу светот

Замислете си, Вие сте премиер во држава со над дваипол милјони жители од кои околу 370.000 се невработени, а некој „голем“ директор на некоја “светска компанија“ Ви предлага: дај те ми шанса да привлечам странски инвеститори, за неколку години значително ќе го намалиме бројот на невработените. – Што ќе правете, како ќе постапите?

Јас прво „ќе му ги преслушам“ аргумените, потоа би си направил споредба со тоа колку пари се потрошени за оние две години додека важеше т.н. Бранков закон, а колку имаше нови вработувања од тој закон. Поголема промашена инвестиција за нови вработувања од т.н. Бранков закон во „транзициона“ Македонија немало. Сетне, ако не ризикуваш, секако нема да направиш промашена инвестиција, ама и сигурно нема ништо да добиеш. Значи, на погоре изнесениот хипотетичен предлог „ќе си ја пробам среќата“, затоа што секогаш нема загарантирана добивака.

Думата ми е за господинот Глигор Ташковиќ, можеби сеуште е рано (22 јули 2007 г. ) да се суди за резултатите од неговиот ангажман.

P.S.

Пратеникот на СДСМ Иван Ивановски - Шема во изнесувањето на својата опозиционерска оценка дека немало позитивни резултати од официјалната посетата на Катар од страна на министерот Ташковиќ, премолча две работи. Помалку значајната, дека во таа делегација, освен г-нот Ташковиќ беше и вицепремиерот Живко Јанкуловски, поранешен член на СДСМ, а сега на НСДП. И позначајната работа, - зошто г-нот Шема не се пофали со резултатите од официјалната посета на Катар од поранешната министерка Илинка Митрева? Секао г-ѓата Илинка Митрева не беше во приватна „туристичка посета“ на фришоповите во Катар!


Нема коментари:

Објави коментар