недела, 15 јуни 2008

Местенка?

Летни партиски игри – Местенка?

Сега има моногу „ако“ за да се одговори на поственото прашање. Ако има местенка, нема да ме зачуди ако на крајот излезе дека таа не била против Бучковски, туку ЗА Бучковски, односно дека „местачите“ сметат дека Бучковски со „новите докази“ изнесени на 17- јули (Вечер) и 3-ти август о.г. (Кананл 5) од обвинет ќе се просалви како во обвинител.

Основан ли е сомнежот на Вечер дека од МО „изчезнала“ документација: „ за да се скријат трагите од јавните набавки на Бучковски “? Можеби истата „исчезнала“ за да се направи жртва, т.е. „херој Бучковски“?

Но, Бучковите „нови докази“ по се изгледа не кореспондираат со тоа што можевме да го разбереме за обвинението против него во: Вечер, Вест, Време, или некој друг медиум.

Може ли македонската јавност да ја добие на увид целосната содржина на обвинението против Бучковски?

Ако имаше местенка, тогаш кој е авторот (или авторите), кој е режисерот, кој се актерите? Одговорот на поставените прашања можеби лежи во тоа кој најмногу полза извлече од оваа непотребно кренета врева.

Најмногу добија Бучковски и Брат Љубе, за чие ослободување се создава надеж дека истото ќе се случи.

Сега за сега најмногу изгубија Груевски и Шекеринска, но игранката сеуште не завршена.

Дали сценаристот и режисерот на „драмата со Бучковски“ е Љубчо Георгиевски, од една стана да „возврати“ за скандалот со неговата средба со Црвенковски?

Да си припомнеме на радостта на г-нот Љубчо Георгивски кога г-нот Бучковски стана премиер, да си припомниме дека повеќето од „приврзаниците“ на Брат Љубе своевремено го обвинуваа г-но Груевски дека не водел сметка за Брат Љубе.

И, најсетене можна ли е коалиција Бучковски - Брат Љубе?

Нема коментари:

Објави коментар