понеделник, 16 јуни 2008

Со сончогледи не се прави партија


„Со сончогледи не се прави партија.“ - Ако се сеќавам добро така гласаше изјавата на Бранко Црвенковски дадена во изборната 1998 г. по повод одливот на членови и гласачи од СДСМ.
Деновиве уште еден горд „сончоглед“ му го сврте грбот на „папата“. Имено, поранешниот амбасадор со најкртаок дипломатски „стаж“ Љупчо Јордановски најави дека ќе формира нова партија која ќе се викала Слободни социјалдемократи.

Се зборува дека осомничениот Владо Бучковски ќе мигрирал среде елитата на Слободните социјалдемократи. Тоа наскоро е можно само ако Бучковски не е виновен за спорната „набавка на резервни тенковски делови“. Во спротивно, Бучковски ќе може да се вброи во активистите на Слободните социјалдемократи дури после „одлежувањето“ на седумгодишната затворска казна која следува за кривичното дело за кое е осомничен.

Нема коментари:

Објави коментар