четврток, 26 јуни 2008

Политичка перверзија

Во „Фокус“ од 04.04.2008 г., во контекст на нашата позиција во наметнувањето и разрешувањето на т.н. грчко-македонски спор имаме „дузина“ знaчајни тврдења на Васил Тупурковски и Мирка Велинова .

Според Тупурковски, Киро Глигоров ја пропуштил шансата за зачленување на Република Македонија во ООН со нашето „уставно име“.

Според Мирка Велинова: „ПРЕГОВАРАМЕ ЗА ИМЕТО, А ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА НЕ БИЛА РАТИФИКУВАНА ОД ГРЦИЈА“.

Американскиот психијатар Скот Пек во својата книга „Патот по кој поретко се оди“ како недемократска ја определува секоја влада која крие витална (животно значајна)информација од сопствениот народ. Разбира се, тоа е утописко гледиште за демократијата. Сосема е разбирливо што на овој бел свет има „калсифицирани информации“, или државни тајни. Но, ако сето тоа што го зборуваат Тупурковски и Велиновска е точно, тогаш не само Грците, туку и т.н. „мудрец“, „државник“ и некогашната „икона на ВМРО-ДПМНЕ“, како и Хари Костов и Бучко со македонската јавност се однесуваат како со овци. И покојниот Борис Трајковски не ни соопшти дека Грција во својот парламент не ја ратификувала Времената спогодба. Со Б.Трајковски бевме пријатели, „генерација“, познавајки го неговиот карактер, неговиот христијаснки дух, ме зачудува зошто и тој ја криел од јавността таа витална информација за наметнувањето и разреашувањето на т.н. грчко-македонски спор.

Нема коментари:

Објави коментар