
Умешните дипломати навистина најдоа убав и учтив „повод“ на својата „приватна забава“, на која беа поканети сите најзначајни политички „репрезентативци“ на РМ, да им одржат „политички час“ на дел од своите гости. Да беше фален, а не укоруван, г-нот Бранко Црвенковски секако немаше јавно да тврди дека згрешил што присуствувал на оваа „советување“ за функционирањето, или нефункционирањето на т.н. независно судство во РМ со кое тој и СДСМ се фалеа на претходните избори.
Нема коментари:
Објави коментар