Ако скопската изрека, согласно „методологијата“ на Латас, ја преминиме и кон некои други политичари кои се обидуваа да манипулираат со резултатите од преговорите ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ќе консатираме дека има и други „скопски“ мајмуни. На пр., Црвеновски „се избања“ со неговите тврдења дека Груевски е виновен за неупехот во преговорите со ДУИ. Латас не го коментраше и за „бањањето“ на Шекеринска со нејзините произволни обвинувањата дека Груевски ја лажел јавноста. Таа мавтајки со т.н. докумет-записник, обвинувала, или без да ги прочита тие неоколку страници текст, или сметајки дека јавноста е толку глупава, што ќе му поверува на оној кој повеќе крева врева. Навистина сите три ситуации се трагикомични, ама најтрагикомични се последиците од 10-годишното владеење на СДСМ, кој РМ ја преобрази во Земја на мајмуните (алузија филмот Планета на мајмуните).

Нема коментари:
Објави коментар