вторник, 17 јуни 2008

Банкрот, или ликвидација?

Со намалувањето на ДДВ-то од 18 на 5% за билетите на ЈСП, Владата на РМ непосредно им додели субвенции на кориснисците на услугите на ова јавно претпријатие. Се разбира, никој не очекува дека со ова посредно помагање на работењето на ЈСП дека мнозинството од скопјани ќе се мотивират што повеќе да ги користат услугите на ЈСП, та на тој начин да се спаси тоа јавно претпријатие од катастрофалното работење на неговите претходни раководни структури.


Дали навистина ЈСП ќе банкротира, или тоа веќе е банкротирано (ако навистина неговото работење е економски неоправдано, или е до тој степен е задолжено што повеќе не е крдитоспособно)? Час поскоро државниот ревизиор пред увид на јавноста треба да ги стави фактите за досегашното и сегашното работење на ЈСП. Македонските граѓани да видат колку пари се трошат за резервни делови, за гориво, колку се отсутвува заради боледување, колку часа ефикасно се работи во текот на работниот ден, колку е адекватна систематизацјијата на работните места, колку се почитувал и почитува Законот за јавни набавки и т.н.

Колку што ми е познато, според позитивните законски прописи, било кое јавно претпријатие не може да оди во стечај, затоа што за неговото успешно работење е задолжен неговиот оснивач (локалната самоуправа, или државата). Како основач на ЈСП сега се смета локалната самоуправа, т.е. Град Скопје, што ќе рече, градоначалникот на Скопје е еден од најодговорните за успешното работење на тоа јавно претпријатие. Очебијната намера на г-нот Костовски таа своја одговорност да ја сподели со Владата, или префрли на Владата, е разбирлива.Човекот признава дека сам не е кадарен да се справи со проблемите во ЈСП. Или, пак можеби актуелниот градоначалник на Град Скопје подготвува ликвидација на ЈСП со цел да создаде приватен монопол во ова услужна дејност, па Пилатовски си ги мие рацете? Незнам! Можеби!

Нема коментари:

Објави коментар