четврток, 26 јуни 2008

Се поблиску до целта!

Бакојани: Предлогот Republic of Macedonia (Skopje) е далеку од целта.


Секако Бакојани не размислува така, како што е прикажено на карикатурата. Верувам дека и таа сака да опстане нашата држава. Но грешката што ја направи нејзиниот татко Мицотакис во сојузништвото со Слободан Милошевиќ за да се попречи зачленувањето на Република Македонија во ОН, остави големи траги во грчката јавност, та не може така лесно и да се исправи.

Најзначајно е да направиме голем чекор во споредба со 1991 год.

Историјата на македонско-американското пријателство веројатно започнува со опитот на ТМОРО и ВМОК преку неуспешната мисија на Борис Сарафов да ја обезбеди поддршката на САД за успехот на идното Илинденско востание - т.е. за извојување на Автономија за Македонија и Одринско во рамките на Турција.

Неспорната подршка на САД, од времето на Буш Сениор до Буш Јуниор, секако е еден од главните чинители што до ден денес опстана Република Македонија. За жал во времето на Буш Сениор најзначајните македонистички политички чинители одбија поблиска соработка со САД за надминување на т.н. грчко-македонски спор, преку изнаоѓање на компромис за кој се залагаше Буш Сениор. Но, ајде било што било, дај Боже наскоро да се радуваме на зачленувањето на РМ во НАТО.

Компромисот си е компромис, никој не може да биде сосема задоволен од него. Секој треба да се откаже од нешто свое, за доброто на сите. Ако се прифати овој предлог освен додавката „(Skopje)“ ќе треба да се навикнеме и на формулацијата: Made in Republic of Macedonia (Skopje), затоа што според предлог на Нимиц, се ограничува за сите самостојната употреба на именката Macedonia.

За жал, вчера македонските медиуми не известија дека во говорите не Бакојани и Карамнлис имало суштевена разлика во острината на говорите за изнаоѓање на компромис за решавање на т.н. грчко-македонкски спор.

Сепак, Тhank You USA!
Посебна благодарност на Нејзината Екселенција г-ѓа Џулијан Миловановиќ!

Нема коментари:

Објави коментар