недела, 15 јуни 2008

Бајат бурек и топло пиво

Синоќа (13.07.2007г.) го гледав г-нот Есад Рахиќ кај Јанко на „Јади Бурек“. Беше вистинско разочарување, со бајати финти се обиде да лови симпатизери: конзервирани југоносталигичари, очајни сдсмовци со заледени желби за монолитната партија, наивци од секаков вид. Покажа и елементарани непознавања од историја, земјоделие и т.н. Најлигаво беше неговото евоцирање спомени за големата СДСМ која била величествена и заради неговата цигла во СДСМ... Се на се, лигав како гол полжав. Се упикуваше на „Василиј од Слатино“, се упикуваше на г-ѓа Шекеринска и „плачеше“ за старите другари, како Наќе Стојановски и други од некогашната социјалдемократска омладина. Се покажа како краен превртливец, кој некогаш се рекламира како екстремен циник, а синоќа како плачко по СДСМ.

На крајот, избегна да одговори на прашањето дали беше исклучен од СДСМ затоа што ја лансира приказната дека транзиционите близнаци Љубчо и Бранко се обиделе со помош на ДПА и НСДП да изгласат недоверба на актуелниот кабинет на Премиерот Груевски. (Да нема забуни, ова визнатиска приказна е вистинска: транзиционите близнаци Љубчо и Бранко се обиделе со помош на Мендух Тачи и Тито Петковски да ги симнат од власт Никола Груевски и коалицијата „За подобра Македонија“.)

Во Струмица, чаталџиството по некогаш се објаснува со изреката: „Топло пиво и ладни ќебапи“. Синоќа Есхо беше како бајат бурек и скиснат јогурт.

Резиме: Според синоќешнoтo „јадење бурек“ г-нот Есад Рахиќ нема капацитет да создаде партија која на следните избори ќе освои барем неколку пратеници. Ако формира партија ќе заврши во најдобар случај како г-ѓата Лилјана Поповска.

Коментарот на г-нот Рахиќ дека г-нот Црвенковски немал волшебна ламба, со чие протријување г-ѓа Шекеринска ќе го реализирала неговото исклучување од СДСМ е прикаски за мали деца. За да биде казнет поради лансирањето на тврдењето дека имало кохабитација меѓу транзиционите близнаци Бранко и Љубчо, не е потребно Аладинова ламба.

Нема коментари:

Објави коментар