среда, 18 јуни 2008

За најновта духовна чикија на „Ратковци“

Денеска, кога е се позивесно грчкото вето на зачленувањето на РМ во НАТО, Драги Каров и други антинатовци на божем приватна забава поставија биста на Т.Александров само со една цел: да покажат дека Република Македонија не заслужува членство во НАТО и ЕУ. Демек Република Македонија не ги почитува правата на „бугарското малцинство“, демек „македонската власта“ го тероризира „бугарското малцинство во РМ“, со што се создава „штоф“ за шпекулацијата дека Република Македонија создава ненадминлииви проблеми со своите соседи! (Еден од условите за прием во НАТО и ЕУ е земјата кандидатка да нема нерешени проблеми со своите соседни земји и членки на НАТО). Претпоставувам дека ова провокација е „прочитана“ од европретставникот Ерван Фуере и амбасадорт на РБ во РМ неговата екселенција Михо Михов, та затоа не се одзаваа на поканата на организаторите на ова антинатовска пројава во Велес.

Ова антимакедонска и антинатовска провокација (духовна чикија на будали антинатовци) несомнено е добро смислена само во однос на тоа што се однесува до приватната сопственост. Се обидуваат да манипулираат со принципот во НАТО и ЕУ според кој приватна сопственост е светост. Оној кој ќе ја руши бистата, со неговото формално-логично оправдување дека Т.Александров бил предавник на македонскиот народ, по истата логика може да ги сруши и фигурите на лавовите (со образложение дека се бугарски) поставени на оградата од семјениот двор на Драги Каров (инаку, познат и како палач на југословенското знаме во Велес во 1991 г., кое нешто најверојатно беше инспирирано за потребите на тајните операции на Слободан Милошевиќ во Република Македонија). Но, планот на оваа антинатовска банда со неосновани обвинувања да и наштетат на угледот на РМ е толку глупав, што го игнорира фактот дека пак некави си повеќе удбашки, отколку чесни „македонски Бугари“ си имаат легално регистрирано здружение во Република Македонија! Дали тоа здружение досега се поплакало дека Република Македонија не им ги почитува нивните национални чувства, дека не им се почитуваат Човековите права и слободи.

Ова удбашко-кагебеевска антинатовска провокација се разголува со тврдењето на Драги Каров и на Виктор Конзунаров дека во Република Македонија живее минорно бугарско национално малцинство (факт: со ова тврдење е согласна и „нашата удба“), а тоа тврдење не и оди во прилог на бугарска историографија, на официјалниот став на ВМРО-БНД (чиј лидер Каракачанов) и на бугарската официјална политика, кои тврдат дека во Р.Македонија мнозинското население е бугарско. Тогош зошто Какаракчанов присуствувал на ова денешна антинатовска клевета на Р.М. во Велес, на кое се признава само постоење на минорно бугарско национално малцинство во РМ? Одговорот е многу едноставен: Каракачанов како соработник на тајната бугарска служба е регрутиран во времето додека Бугарија беше верен и лојален поддржувач на политиката на официјална Москва, а самиот побугарен влав Каркачанов не „еволуирал“ во новоевропеец. (Презимето Каракачанов произлегува од Каракачани - гркоманските овчари Власи – неговото презмие говори дека е од побугарен влаашки произход - исто како Рајко Жизифов, чиј татко е побугарен Влах од Велес.) Со ова постапка Красимир Каракачанов потврдува дека е антибугарин - мерено според официјалниот став на неговта партија дека мнозинското население во РМ е Бугарско, потоа дека е антинатовец, кој работи пред се во руско-српски, а потоа и во великоалбански интерес. Можеби Каракачанов работи за попречување на евроатлантската интеграција на Р.М. верувајки дека со непримањето на РМ во НАТО и ЕУ ќе се радикализираат односите меѓу двете најбројни етнички заедници во РМ кое нешто ќе доведе до „чехословачкото сценарио“, т.е. дека след распадот на РМ, делот со неалбанско мнозинство на Р.Македонија ќе биде присоединет со Бугарија. (Гладна кокошка просо сонува! Што ако НАТО и ЕУ ја подржат опцијата за конфедерирање на РМ со Велика Албанија како членка на НАТО?) Во контескт на последното, да си припомниме дека бугарските социјалсити (читај претежно русофили - подобни на идиотот Божидар Димитров) во 1991 г. во бугарскиот парламент не гласаа за признавањето на меѓунардно-правниот субјективитет на Република Македонија, а првиот претседател на ВМРО-СМД Димитар Гоцев (родум од с.Панчарево - Пехчевско) беше тргнат од тој пост затоа што не беше прифатлив за официјална Москва.

Интересно е што сите национални македонски телевизии и дават максимален публицитет на оваа антинатовски клевета упатена на адресата на РМ. (Зошто македонските медумии не се толку „професионални“ - неутрални, кога известуваа за чествувањето на Мара Бунева?) Што е целта? Дали сметат дека на тој начин вршат присок врз Грција за нејзиното непопусливо барање да си го смениме државното име, или покажуваат пред НАТО и ЕУ колку демократска земја сме. Ако сметаат дека на тој начин ја убедуваат Грција колку е опaсно за неа негирањето на нашето уставно име, пак направиле утка! Бугарија и Грција ги запечатиле своите односи по однос на правата на бугарското малцинство во Грција со неколку меѓународни договори (та тоа е една од причините поради кои Георги Димитров ја подржува резолуцијата на Коминтерната од фебруари 1934 г. за решавање на македонското прашање.)

Се на се, денес во настанот и за настанот во Велес имавме многу врева за ништо! Обидот од мравката да се направи камила во случајот пропадна. Мнозинството од македонските граѓани не се толку глупи да се палат, да кукат и страдат со антигрчка, антбугарска и антинатовска хистерија, за да ги заборават своите маки со своите секојдневни егзистеницонални проблеми. Боже мој, НАТО и ЕУ, таквите како Жељу Желев и „цар“ Симеон, пазете ја Република Македонија од антинатовските глупаци кои ја смислија ова антимакедонска провокација!

Нема коментари:

Објави коментар