недела, 15 јуни 2008

ВМРО-ДПМНЕ - СДСМ 5 : 1

1-ви јули 2007 г.

Твдењето на опозицијата дека во случајот само рекламата е пресудната за така високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ не држи, оти и со најдобрата реклама не може да се продаде лош производ.


Обвинувањето на г-нот Рахиќ дека г-ѓа Шекеринска владеала авторитарно, секако не е основната причина за досега најниско забележаниот рејтинг на СДСМ (види слика). Мислењето дека претседателката на СДСМ е марионетка на г-нот Црвенковски секако не влијае поволно на рејтингот на СДСМ, но тоа не е единствената причина за сегашниот пад од 2% на рејтингот на СДСМ. Можеби е издржано и тврдењето дека „тинејџерски“ имиџ на г-ѓа Шекеринска не го дава посакуваниот резулат во покачувањето на рејтингот на СДСМ. Неиздржано е и тврдењето дека за толку нискиот рејтинг на СДСМ е виновна само г-ѓа Шекеринска. Да се тврди дека г-ѓа Шекеринска е „гробарот на СДСМ“ сега за сега е неосновано. За така нискиот рејтинг на СДСМ пред се е виновен кабинетот на г-нот Груевски кој има добар производ за рекламирање. Досега е одиграна само една четвртинка од утакмицата, но ако продолжи овој тренд на раст на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ....

Р.Ѕ.

11 месеци покасно на предвремените парламентарни избори изборниот резултат меѓу коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 64 : 28 пратенички мандати. Но, сега со сигурност можеме да кажеме дека и г-ѓа Шекеринска е виновна за тој катастрофален пораз на СДСМ.

Нема коментари:

Објави коментар