сабота, 14 јуни 2008

Мал човек, голема чалма!

Во првата декада на јуни 2007 г. бевме свидетели на византиските игри на малите луѓе со големи чалми.

До следната епизода забавата заврши, публиката може да здивне.

Се разбира, додека сценаристите, режисерите и актерите на македонските политички игри без граници не смислат нови културно-забавни активности со трагикомични последици по нивните објекти на политички манипулации.

Веројатно, на прв поглед старо-новите игри ќе бидат поинвентивни, ама во суштина ќе си останат исто толку бедни како досега.

Или, со други думи кажано: „порфавор“ политика во Reality Show!

Ако сме живи и здрави, на македонската политичка сцена пак ќе гледаме стари трикови за нови будали.

И пак ќе бидат за едни весели, а за други тажни.

И, на крајот: - кој ни е крив што ги направивме важни?

P.S.

Љ.Георгиевски со задоцнување демантираше дека деновиве се сретнал со Црвенковски. Но, не одговори на прашањето кое лебди во јавноста: дали беше согласен со ДПА, НСДП и СДСМ да изгласа недоверба на кабинетот на Премиерот Груевски? Одговорот на поставеното прашање секако е сврзан со фактот што „владата на Груевски“ (т.е. владата на коалицијата „За подобра македонија“) зависи од гласовите на ДПА, а не од НСДП или ВМРО-НП.

Нема коментари:

Објави коментар