четврток, 26 јуни 2008

Легализација на соживотот

Во мандатот добиен след „легендарниот 15-ти септември“ СДСМ со своите три премиери и еден непризнат од сите државник ја пропуштија шансата во практика правилно и комплетно да го имплементираат т.н. Рамковен договор (кој одамна е составен дел од Уставот на РМ). Веројатно во СДСМ намерно оставија на ВМРО-ДПМНЕ „нешто“ за имплементација од „рамковниот“ со цел „да му се осветат“ на Груевски за противњето на границите во разгринучувањето на општините во новата територијална реорганизација (за „референдумот“), кое нешто влијаеше силно за пaд на рејтингот на СДСМ. Потоа „да му се осветат“ на Груевски за укажувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ и ДУИ постигнаа согласност за употребата на албанското знаме во единиците на локалната самоуправа спротивно на Уставот на РМ, кое нешто исто така влијаеше негативно за рејтингот на СДСМ.

Изгледа дека Груевски тактизира со целосната имплементација на „рамковниот“ со цел да ги придобие ДУИ и ДПА за следните претсетаделски избори. Незнам! Ќе видеме догодина, само да сме живи и здрави.

Нема коментари:

Објави коментар