среда, 18 јуни 2008

Сеуште биле залепени!

13.01.2008 г.

Шекеринска се фали: „Ќе се одлепиме од Црвенковски“.
Зарем досега не тврдеа дека одамна одлепиле од Црвенковски?

Откао забразди во политикта нејзината волја за власт е смислата на нејзиниот живот, та затоа е разбирливо што досега се обидуваше да ја мами јавноста дека одамна е одлепена од Црвенковски.

Несомнонено е дека еден ден Шекеринска ќе се одлепи од Црвенковски. Не затоа што таа си го поставува прашањето дали „Бракно е битанга“, туку затоа што таа веќе оценила дека „тезата“ на Кондарко оти „Секој си има свое бачило“, Груевски веќе ја потврдил како аксиома. Се надева на изборен успех на евентуланите предвремени парламентарни избори, а доколку го постигне тоа, таа навистина ќе се одлепи од својот политички промотор и тутор. Но, на една голема партија за да излезе на избори и требаат милјони. Дали Шекеринска веќе е способна сама, без Црвенковски, да ја обезбеди финансиската подршка од транзиционите инстант капиталисти кои станаа тоа што се благодарение на Бранко Цревнековски? – Неверувам!
Верувам дека Шекеринска не блефира кога вели дека сака предвремени избори, не се сомневам дека навистена гори од желба да се одлепи од Црвенковски, ама не верувам дека тоа ќе и успее!

Кликни тука: видео клип на ова тема на You Tube

http://www.youtube.com/watch?v=1fTxoY1PVh8

Р.Ѕ.

Ми требаше цела седмица да нјадам една стара песна за да биде клипчето такво какво што беше замислено. ЗАТОА ПОДОБРО КЛИКНИ ТУКА ЗА КЛИПЧЕТО:

Нема коментари:

Објави коментар