понеделник, 16 јуни 2008

Манипулации со малцинствата

Околу 13% од македонското население го сочинуваат припадниците на помалите етнички заедници. Навидум мал процент како населнеие, но како број на гласачи тој процент е огромна бројка, чија големина можеме да илустрираме со фактот што ВМРО-ДПМНЕ го оспорува легитимниот избор на „Б.Ц.“ со тврдењето дека му недостасувале само 0,3% од гласовите за да биде регуларно избран за Претседател на РМ.

Фалбата на СДСМ дека обезбедувал 20% од своите коалицииони листи за кандидати за пратеници од помалите етнички заедници е проста модификација на југокомунистичкото фалба дека комунистчката авангарда се грижела за сиот работниот народ и сите народи и народности.

Во кратката историја на македонскиот повеќепартиски политички ситем повеќето од партиите на помалите етнички заедници се прославија како коалиционен партер на СДСМ. Ова несакана или посакувана слава, во завсност од аспектот на политичката опција, е основата за дилемата дали тие партии дејствуваат автохтоно, или диригирано поради неможноста сами да се изборат на избори за свои пратенички мандати.

Автохтоното организирање на политичките партии по етничка основа во РМ неспорно може да се рализира само со позитивана дискриминација, т.е. со загарантирани пратенички мандати, а не со проценти на кандидатските листи определени со „математиките“ и туторството на големите партии.

Во демократското, во отвореното општество, неспорно е правото за организирање на политичките партии врз етничка основа, исто како што е неспорно и правото за политичко организирање врз основата на интернационализмот (т.е. како граѓанска партија). Со промените во изборниот законик припадниците на помалите етнички заедници добиваат право да избираат самите дали ќе гласат за својата етничка партија, или пак за друга партија, или коалиција. На пример: неодамна исклучениот од СДСМ Есад Рахиќ со овие промени во изборниот законик, кој го унапредуваат и правото да бидеш избиран, добива можност сам да си избира дали за следниот мандат ќе се кандидатира како член на најавената интернациналистичка партија на Слободни социјалдемократи или како член на новоформирана етничка партија на македонските Бошњаци.

Загарантираните пратенички места за малите еднички заедници секако ќе влијаат врз коалициониот капацитет на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Избрзаното противење на СДСМ за овие демократски промени веројатно ќе предизвика одлив на значителен процент досегашни гласачи на СДСМ. Но, кој му е крив на СДСМ кој на чело со г-ѓа Шекеринска на македонската политичка сцена настапува како заклана кокошка, а не како витински демократи кои пред се се грижат за унапредување на демократските права на граѓаните на РМ без разлика на нивната верска или етничка припадност.

Нема коментари:

Објави коментар