P.S.
papata.blog.com.mk беше постиран од 24.12.2006 г. до 10.04.2008 г., а потоа избришен. Во контескт на истиот беа направени и публикувани четири клипчиња:
Според Тупурковски, Киро Глигоров ја пропуштил шансата за зачленување на Република Македонија во ООН со нашето „уставно име“.
Според Мирка Велинова: „ПРЕГОВАРАМЕ ЗА ИМЕТО, А ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА НЕ БИЛА РАТИФИКУВАНА ОД ГРЦИЈА“.
Американскиот психијатар Скот Пек во својата книга „Патот по кој поретко се оди“ како недемократска ја определува секоја влада која крие витална (животно значајна)информација од сопствениот народ. Разбира се, тоа е утописко гледиште за демократијата. Сосема е разбирливо што на овој бел свет има „калсифицирани информации“, или државни тајни. Но, ако сето тоа што го зборуваат Тупурковски и Велиновска е точно, тогаш не само Грците, туку и т.н. „мудрец“, „државник“ и некогашната „икона на ВМРО-ДПМНЕ“, како и Хари Костов и Бучко со македонската јавност се однесуваат како со овци. И покојниот Борис Трајковски не ни соопшти дека Грција во својот парламент не ја ратификувала Времената спогодба. Со Б.Трајковски бевме пријатели, „генерација“, познавајки го неговиот карактер, неговиот христијаснки дух, ме зачудува зошто и тој ја криел од јавността таа витална информација за наметнувањето и разреашувањето на т.н. грчко-македонски спор.

Скопие, днес, на 1-ви април, в 9:00 h по българско време, във помещтенията на МАНУ, македонският историк Александър Донски тържествено предаде македонският паспорт на българския историк Божидар Димитров който окончаелно призна че от винаги си бил Македонец потплатен-слуга на българската буржоазия. Със голяма радост Божидар Димитров заяви че би бил многу щтаслив ако наскоро стане член на МАНУ понеже от винаги тайно си мечтаел един ден да бъде македонски академик.
P.S.
Неколку години наназад Божидар Димитров си прави првоаприлски шеги по однос на македонско-бугарските односи. За жал, годинава tv „Сител“ се фати на „јадицата“ фрлена од Б.Димитров, без да размисли дека никој не може да биде назначан за амбасадор во било која земја ако змејата домакин не се согласи со предложеното лице за амбасадор на еди која си држава.


Бакојани: Предлогот Republic of Macedonia (Skopje) е далеку од целта.
Историјата на македонско-американското пријателство веројатно започнува со опитот на ТМОРО и ВМОК преку неуспешната мисија на Борис Сарафов да ја обезбеди поддршката на САД за успехот на идното Илинденско востание - т.е. за извојување на Автономија за Македонија и Одринско во рамките на Турција.Ова се извадоци од интервјуто на г-нот Љубчо Георгиевски
за „Фокус“ (Скопје, 14.03.2008 г.)
Но, дали Латас повикува на војна со Грција, или се раководи од хипи девизата: „Make Love, Not War!“, можеме да заклучиме од неговиот човекољубив повик дека: „Проблемот со името ќе го решиме кога соодветен маж ќе помине соодветна ноќ со Дора Бакојани, и ќе ја видиме сабајлето насмеана.“
Саркастично понижувачкиот одгвор сепак е добронамерна порака која не упатува на објективното барaње на аргументиран одговор на прашањето: КОЈА Е АЛТЕРНАТИВАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, АКО СЕГА НЕ СЕ НАЈДЕ ЧААРЕ ГРЦИЈА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД НАМЕРАТА ДА СТАВИ ВЕТО НА ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО И ЕУ?

И уште нешто! Чудно совпаѓање: Наскоро после формирањето на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, Тачи „лицето Б.Ц.“ од „пијандура“ и „норкаман“ го промовира во крводарител, а денес го призна во единcтвен државник! (Дали и што им вети Б.Ц на македонските Албанци за да си го осигура својот реизбор и да стане легитимен и од никој не оспоруван Председател на РМ?)
Но, сите тие се математики на државникот ни, за придавка која не задира во македонскиот национален идентитет колку и да се правени со Нимиц, Нуланд или Миловановиќ, сепак се направени без согласност на Дора Бакајани, без Караманлис... т.е без крчамарицата и крчмарот во чие друштвото сакaме да сме, ама не по секоја цена како Пиринци, Вардарци и Егејци, туку само како Македонци!
И, најсетне. Не еднаш самите сме се нарекувале Вардарска Македонија. Дали Република Вардарска Македонија е формулата на државникот ни и „Рада Помада“ за едновемнето запазување на националниот ни идентитет и спречувањето на грчкото вето за нашето зачленување во НАТО и ЕУ?
Одговорот го имаме во речиси секој лексикон на стански зборови, или во секој толковен речник; освен ако sting EYE не е Грк, или гркоман.Милан Вујаклија, Лексикон страних речи и израза.
Београд 1980 г.
БЪЛГАРСКИ ТЪЛКОВЕН РЕЧНИК (София 1994 г.)

Според Драган Павловиќ Латас: „Проблемот со името ќе го решиме кога соодветен маж ќе помине соодветна ноќ со Дора Бакојани, и ќе ја видиме сабајлето насмеана.“

И бугарскиот „удбаш“ Божидар Димитров во сношната емисја на Васко Ефтов покажа дека не е попаметен од нашиот Илија Илиевски. Доказателство: Божо признава дека се залага за „р е б ъ л г а р и з а ц и я на българите в Македония“! Но, ако Македонците се Бугари, треба ли некој да ги р е б у г а р и з и р а? Или, кажано со други зборови: треба ли златото да се позлатува? Можеби Божо сакаше да му „реплицира“ на Киро Глигоров кој тврдеше дека „дебугаризацијата е завршена во Македонија“?
И Васко Ефтов не се покажа поумен од Божидар Димитров. Јавно ја лапна како клен фалбата (пропаганда) на Б.Димитров за големиот интерес на македонските политичари за бугарски пасоши (дали поради порачката од нарачателот на неговта емисија, или поради неговата лековерност не знам). Да му дадеше два куфери со фалсификувани македонски барања за бугарски пасоши заверени преку разни агенции и адвокати Ефтов ќе си ги земеше „здраво за готово“ и ќе ни покажуваше на телевизија како голем новинарско-разузнувачки трофеј.
Васко Ефтов покажуваше некакви нотарски записи во кои Македонци декларирале дека зеле бугарски пасош, не оти се чувствувале Бугари, туку од економски причини. Глупости, што ако во Софија истите потпишале нотарски записи во кои кои напишале дека таквите нотарски акти во РМ ги направиле под притисок на „удба“?
Божидар Димиторов си го извози на Васко Ефтов како мало дете, низ три чешми го помина, а вода не му даде да се напие. Не му ја окри тајната колку Македонци имаат земено бугарски пасоши, каков е навистина интересот на Македонците за бугарски пасоши, та „нашата удба“ и понатаму ќе мора да работи со свои луѓе за бугарскта политика како посредници за добивање на бугарски пасоши. Инаку „нашата удба“ нема начин да го дознае точниот број на Македонци и кои Македонци имаат земено бугарски пасоши. Сепак, ако ова мое доживување ја повредува суетата на Васко Ефтов, за утеха треба да се помири со тоа што Божидар Димитров е многу поедуциран за дотичната „проблематика“ од него. (Б.Димитов од обичен полуграмотен рибар станал врвен разунавач, го организирал крадењето и враќањето на оригиналниот ракопис на Отец Паисиј од Света Гора, одбранил докторска дисертација, станал универзитетски професор, научил строгрчки, латински и други јазици, истражувал во „Тајните архиви на Ватикан“ - тие архиви не се тајни само така се викаат, а таков спремен македонски историчар со познавање на старогрчки и латински за да истражува во „Тајните архиви на Ватикан“ нема. Ако не верува Васко Ефтов нека го праша нашиот историчар Тодор Чепреганов.)
Зоран Заев пак ја пропушти можноста да ја разреши дилемета која прозилегува од струмичкиот чаршиски муабет дека тој има грчки пасош и стан во Солун (наследен од чичко му, кој, според чаршијата, богатство за основање на штедилницата на неговиот покоен чичко било стекнато со српско-грчки шферц на нафта за воените потреби на режимот на Слободан Милошевиќ).
Неодамна во Стумица и струмичко МВР конфискуваат 87 „бугарски коли“ на македонски државјани кои истите ги возеле во РМ со некакаво „полномоштво“. Во струмичката чаршија се говори дека нарачаелот на ова акција за конфискување на „бугарските коли“ е токму Зоран Заев, не поради тоа што тој е познат како човек на кој му е под достоинсвото да има има бугарски пасоош, туку, поради тоа што на тој начин навистина државта Република Македонија губела огромни пари: - поради неплатена царина во РМ, неплатен данок, неплатени трошоци за регистрација, а сето тоа го поттикнувало и земањето на бугарски пасоши.
Но, според истите чаршиски муабети, целата на Заев да ја предизвика оваа акција на МВР всушност била со цел да предизвика револт кон Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кај семејствата и роднините на оние македонски државјани на кои им биле одземени нивните „бугарски коли“. Ако во таква шах-мат позиција ја ставил МВР, алал да му, навистина е добар сдмсмовски играч, затоа што кај „оштетените странки“ на кој им се одземени „бугарските коли“ има огромен револт: - зошто само во Струмица е направена таква акција; - зошто Греувски „нема гас“ тоа да го направи во т.н. Запдна Македонија каде се возат огроемн број „албански коли“; - зошто не ги намалат двачките на увоз на стари коли; - зошто регистрацијата на возилата е толку скапа; - илјада „зошто“ како израз на сериознен револт.
Во меѓусебното гугуткање на Ефтов и Заев за причините поради кои струмичани земаат најмногу бугарски пасоши во споредба со цела Македонија, отсуствуваше најсуштественото прашање: Зошто после легендарниот 15-ти септември, дури „цела села“ од струмичко (на пример како мноизинството од младите од с. Моноспитово) се иселија во Италија, та денес среде моноспитци се врти мајтапот дека Пјаченца е Ново Моноспитово?